Фернандес во 1990 година дал отказ на работа во една пицерија каде бил менаџер и со дозвола од жена му тргнал по обиколна низ светот онаму каде што гостуваla неговата земја.
За 25 години успеал да посети повеќе од 60 држави и да гледа околу 150 натпревари на селекцијата на Бразил. Најсреќен беше во САД 1994 година кога по изведувањето на пенали, Бразил во финалето ја совлада Италија, а на златниот пехар се радуваше и во Јапонија 2002.
Најпознат стана на последниот Мундијал кога со солзи во рацете држеше реплика од пехарот кој се надеваше дека на свој терен ќе го подигнат Бразилците. Но тие беа декласирани од Германија со 7:1, успеаа да примат три гола за 76 секунди, а Фернандес беше целиот во тага и солзи.
Веста за неговата смрт на 60 години, брзо се рашири низ светот, а почит му оддаде и ФИФА, која има снимено и прилог со него.