- Откако некогашниот вицешампион на Европа пријави осум играчи и пет членови на стручниот штаб за позитивни на коронавирусот, УЕФА одлучи да го одложи мечот Тотенхем - Рен од 6-то, последно коло во Лига Конференции.
- Францускиот клуб Рен се пожали на таа одлука на УЕФА и во образложението пишале дека Тотенхем самостојно ја донел таа одлука без никакви консултации ниту со Рен ниту со самата европска фудбалска унија. Според правилникот на УЕФА, сите дуели мора да се одиграат до 31 декември, а Тотенхем не може да најде слободен термин дури до февруари.
- Со оглед на тоа што Спарс веќе неколку недели се тегнат со Премиерлигата за да им ги одложува натпреварите поради нови случаеви на позитивни фудбалери на вирусот, а календарот веќе е прегуст, стана јасно дека нов термин да се одигра мечот Тотенхем - Рен нема.
- УЕФА поради тоа денес објави дека натпреварот е регистриран со службен резултат 0-3 во корист на Рен, со образложение дека Тотенхем не сакал да игра. Со овој резултат, клубот од Лондон заврши на трето место во групата Г а во следна фаза одат Рен и Витезе кој ќе игра против Рапид Виена.
- Легендарниот Хуан Себастијан Верон користи возвишувачки зборови за Нико Паз. Според него ѕвездата на Комо и на Аргентина, ќе ги достигне највисоките можни височини во фудбалот.
- „На 22 години, прави работи што сум ги видел само кај Меси и Марадона. Не велам дека ќе ги достигне тие нивоа, но ги поседува квалитетите за да се обиде да го постигне тоа. И му посакувам успех во остварувањето на таа цел.
- „Соиграчите постојано го бараат и му ја додаваат топката дури и кога е чуван, знаејќи дека тој ќе ги помине противниците со дриблинг и ќе ги остави далеку зад себе. Нико е лидер преку начинот на кој се движи и како се справува со одредени моменти во играта. Тој одлучува кога да го забрза или забави темпото, во зависност од ситуацијата на терено. Може да напаѓа од десната или левата страна, како и низ средината. Тој е секогаш во срцето на играта.
- Не сакам да правам споредби со играчи од различни епохи, но мислам дека Нико Паз е како Верон, само поместен 20 метри понапред. Носи голема вредност за Аргентина, која се обидува да се реизгради во ерата по Меси“, вели поранешниот аргентински репрезентативец.
- Македонскиот фудбалски талент Бленди Лачка го живее својот сон, откако доби можност да тренира со сениорскиот тим на Фенербахче со ѕвезди како Ромелу Лукаку, Н'Голо Канте, Нелсон Семедо, Милан Шкринијар и Едерсон.
- Младиот фудбалер, кој настапува за екипата до 19 години на турскиот гигант и е младински репрезентативец на Македонија.
- Лачка е производ на школата на Јанг Тим од Струга, каде што започнал да тренира уште на петгодишна возраст.