- Душан Влаховиќ, детето на белградски Партизан, има само 21 година а сезонава на 15 меча за Фиорентина во Серија А веќе има 12 гола и е прв стрелец. Минатата сезона 2020/2021 постигна 21 гол и е прав хит во италијанскиот фудбал.
- Влаховиќ е на мета на најголемите светски клубови а неговата цена се движи околу вртоглави 80 милиони евра. Неодамна тој одби да го продолжи договорот со Фиорентина која му понудила најбогати услови во историјата на нивниот клуб. Наводно „виолетовите“ добиле негативен одговор од менаџерите на српскиот репрезентативец.
- Еден од агентите кои водат преговори во име на Влаховиќ бил и Данило Вучиќ, син на претседателот на Србија, Александар Вучиќ, објави Мрежата за истражување криминал и корупција (КРИК) од Белград.
- Италијанската La Repubblica тврди дека токму Данило Вучиќ е одговорен што фантастичниот центарфор одбил да продолжи договор со Фиорентина иако му е понудена највисока плата во историјата на клубот од Фиренца.
- Данило Вучиќ неколку пати е фотографиран во друштво со криминогени лица од српското подземје, а отворено со нив другаруваше на Светското првенство 2018 во Русија.
- Агенцијата International Sports Office од Белград која го извела трансферот на Душан Влаховиќ од Партизан во Фиорентина рекла дека не се вистинити тврдењата дека Данило е менаџер на шпицот.
- Легендарниот Хуан Себастијан Верон користи возвишувачки зборови за Нико Паз. Според него ѕвездата на Комо и на Аргентина, ќе ги достигне највисоките можни височини во фудбалот.
- „На 22 години, прави работи што сум ги видел само кај Меси и Марадона. Не велам дека ќе ги достигне тие нивоа, но ги поседува квалитетите за да се обиде да го постигне тоа. И му посакувам успех во остварувањето на таа цел.
- „Соиграчите постојано го бараат и му ја додаваат топката дури и кога е чуван, знаејќи дека тој ќе ги помине противниците со дриблинг и ќе ги остави далеку зад себе. Нико е лидер преку начинот на кој се движи и како се справува со одредени моменти во играта. Тој одлучува кога да го забрза или забави темпото, во зависност од ситуацијата на терено. Може да напаѓа од десната или левата страна, како и низ средината. Тој е секогаш во срцето на играта.
- Не сакам да правам споредби со играчи од различни епохи, но мислам дека Нико Паз е како Верон, само поместен 20 метри понапред. Носи голема вредност за Аргентина, која се обидува да се реизгради во ерата по Меси“, вели поранешниот аргентински репрезентативец.
- Македонскиот фудбалски талент Бленди Лачка го живее својот сон, откако доби можност да тренира со сениорскиот тим на Фенербахче со ѕвезди како Ромелу Лукаку, Н'Голо Канте, Нелсон Семедо, Милан Шкринијар и Едерсон.
- Младиот фудбалер, кој настапува за екипата до 19 години на турскиот гигант и е младински репрезентативец на Македонија.
- Лачка е производ на школата на Јанг Тим од Струга, каде што започнал да тренира уште на петгодишна возраст.