- Српскиот тениски ас утринава бил на операција на коленото во Париз, кое го повреди за време на мечот против Серундоло кој го победи со 3:2.
- Доколку не се појават компликации, тој би требало да може да стане од кревет во текот на денов со помош на патерици, пишува Газета дело Спорт.
- Ќе му бидат потребни три недели за опоравување, што значи дека тоа ќе го спречи да настапи на Вимблдон кој стартува на 1 јули.
- Се очекува да биде фит за Олимписките игри во Париз кои почнуваат на 26 јули, единствено натпреварување каде нема освоено трофеј.
- Македонската ракометна репрезентација ова попладне се пофали со нов член на стручниот штаб со кој раководи селекторот Кирил Лазаров, а новото засилување доаѓа со цел дополнително да се напредува на голманската позиција.
- Ракометната федерација на Македонија со задоволство објави дека хрватскиот стручњак Драган Јерковиќ во иднина ќе биде задолжен за работата со голманите во стручниот штаб на машката сениорска репрезентација на Македонија, а бидејќи станува збор за човек со богато интернационално искуство, се очекува брзо да видиме резултати и на теренот.
- Јерковиќ изминативе две сезони работеше во Рајн Некар Левен, новата сезона ќе ја почне како голман-тренер на Ерланген, но истовремено ќе биде дел и од стручниот штаб на Лазаров.
- – Голема чест и задоволство ми е што ќе бидам дел од македонската репрезентација во квалификациите за Европското првенство, како и на Светското првенство во Германија. Повикот од мојот поранешен соиграч и пријател Кирил Лазаров едноставно не можев да го одбијам. Македонија е репрезентација која има посебна емоција и огромна желба за напредок, а ракометот во оваа земја е повеќе од спорт – тој е дел од нејзината традиција и идентитет.
- И едните и другите потајно посакуваат да се пробаат фудбалски на терен, иако голем дел од тамошната јавност пред секоја ждрепка сака Динамо Загреб и Црвена звезда да се избегнат поради голем безбедносен ризик.
- Сега откако и двата најголеми клуба од регионов испаднаа од трката за Лига на шампиони, ќе играат во Лига Европа, односно на Црвена звезда ѝ останува вечерва рутински да го одработи реваншот со Викторија Плзењ во Чешка откако дома победија 3-0.
- Динамо Загреб во квалификации за Лига на шампиони изгуби 3-1 на реваншот со норвешки Викинг и ќе игра во Лига Европа. Ако и српскиот шампион обезбеди место во Лига на Европа, нема да има пречки двата клуба да се сретнат во ждрепката. Црвена звезда и Динамо Загреб би биле во вториот барабан, а интересно е што двата тима имаат идентичен коефициент на УЕФА – 46.500. Тоа значи дека потенцијалниот дуел меѓу двата некогаш големи југословенски ривали е сосема реална опција.
- Уште се памети неодиграниот натпревар кога Црвена звезда и Динамо се сретнаа во мај 1991 година кога избија фамозните нереди на „Максимир“. Тогаш се случи и култното маја-гери на Звонимир Бобан против еден полицаец. Бобан тогаш беше играч а сега е претседател на Динамо Загреб.
- После фамозниот прекин, Динамо и Звезда се сретнаа уште три пати: прво во 14. коло од сезоната 1990/1991 (Звезда славеше 1-3), после на турнир во Мостар во февруари 1991 (Звезда победи 1-0) и накрај во 33. коло од првенството, на 18-ти мај 1991 кога Динамо победи 3-2.