- Македонската ракометна репрезентација одигра два различни дела од дуелот со Словенија во квалификациите за Европско првенство 2026. На крајот Словенците победија убедливо со шест гола разлика.
- Селекторот Кире Лазаров после мечот повторно зборуваше за овдешниот менталитет. Кажа дека не е разочаран од поразот но дека му смета што „Македонец по забележителен успех е тешко да го држиш свесен и трезвен и дека ова е добра лекција за нашиот менталитет“. „Ние само се повторуваме, не знаеме како Македонци да бидеме константни во повремените успеси. Треба да се работи на менталниот склоп“.
- Македонија е трета во групата зад Словенија и Литванија а до крајот од квалификациите ја очекуваат дуели со Словенија, Литванија и Естонија. Одлуката за пласманот на Европското првенство ќе падне во мај кога Македонија ѝ гостува на Естонија и ја дочекува Литванија во клучен меч.
- Предводниците на Шкендија уште еднаш го допреа дното, откако со срамна фотографија го најавија дербито со Вардар, закажано за в сабота во Гостивар, преку која го навредија противникот, ФФМ, но пред сè сите христијани во Македонија.
- Според теолозите, ваквата презентација на светиот христијански симбол е огромна навреда, особено кога доаѓа од претставници на друга религија.
- Објавувањето на превртен крст со цел да се навреди христијанството е строго забрането според самото исламско учење. Но, навредувачите од тетовскиот тим не знаат дека со ваквото омаловажување на крстот како верски симбол истовремено направиле и грев во својата исламска вера, пишува Спорт1.
- Селекторот на македонската репрезентација, Кирил Лазаров, го објави поширокиот список од 35 ракометари кои ќе конкурираат за настап на почетокот од квалификациите за Европското првенство во 2028 година.
- Од оваа група, стручниот штаб дополнително ќе избере 16 ракометари кои ќе ги одиграат двата воведни натпревари. Првиот квалификациски дуел е закажан за 4 ноември (19 часот), кога Македонија ќе го пречека Луксембург, додека четири дена подоцна (8 ноември во 16 часот) нашиот национален тим ќе гостува кај Грција во градот Халкида.
- Прв повик доби натурализираниот Украинец, кој настапува за Пик Сегед Дмитро Хориха, како и Мартин Томовски кој брани одлично за Битигхајм. Сите други ракометари се од домашното првенство.