- Организаторите на ракометниот Мундијал објавија дека не се продадени сите карти за натпреварите на Светското првенство и дека истите чинат од 20 до 80 евра.
- Цените варираат во однос на групата и градот каде што се играат дуелите. Најевтина влезница за натпревари од групата Д во која е и Македонија чинат 50 евра по натпревар.
- Во Пореч од друга страна најевтина влезница е 20 евра а во тој град ќе игра Франција. За натпреварите на домаќинот Хрватска во Загреб има влезници од 25 евра па до 60 и 70 евра во зависност од местата во Арената.
- Дисциплинската, етичка и контролна комисија на УЕФА соопшти дека парично го казнила Фудбалскиот сојуз на Босна и Херцеговина со вкупно 45.000 евра поради нереди на навивачите на натпреварот против Шведска во Лига на Нации одигран на 14-ти ноември во Стокхолм.
- Шведска тогаш ја победи Босна и Херцеговина 3:2 во 5. коло од групата Б4 од Лига на нации.
- УЕФА навела дека навивачите на гостинската селекција фрлале предмет на терен, користеле пиротехнички средства и го оштетиле стадионот во Стокхолм.
- Во соопштението се вели дека Фудбалскиот сојуз на БиХ е казнет и со забрана за продажба на карти за следното гостување на натпревари под закрила на УЕФА. Репрезентацијата на БиХ го освои второто место на табелата во групата Б4 од Лига на нации и ќе игра во баражот за пласман во А дивизија од Лига на нации.
- Потенцијални ривали им се: Данска, Велс, Србија и Хрватска. Ждрепката е закажана за в петок напладне во 12 часот.
- Светската фудбалска куќа ги потврди кандидатурите на тројца кандидати за претседателските избори: актуелниот претседател Џани Инфантино, претседателот на фудбалската федерација на Франција Филип Диало и првиот човек на фудбалската федерација на Јапонија Козо Ташима, соопшти ФИФА.
- На Поранешниот одбранбен фудбалер на швајцарската фудбалска репрезентација Рамон Вега кој минатиот месец изјавил дека ќе се кандидира, не му е потврдена кандидатурата од ФИФА.
- Изборите во ФИФА ќе се одржат во март 2027-ма година и ќе бидат први на кои Џани Инфантино ќе ќе има противкандидати откако во 2023-та беше реизбран на функцијата.
- Швајцарецот е во потрага по четврти мандат до 2031 година што би значело дека ќе биде 15 години прв човек на ФИФА колку што е максимумот според статутот на организацијата.
- Но по контроверзните планови за продажба на правта на Светско првенство на американски компании, Инфантино ја изгуби поддршката од сите фудбалски федерации во Европа и многу ширум светот, така што тешко е за очекување дека повторно ќе биде избран.