- Светската куќа на ракометот ја казни Ракометната федерација на Македонија со парична казна од 10.000 швајцарски франци поради однесувањето на македонските навивачи на дуелот против Холандија.
- Донесена е и одлука за затворање на дел од трибините, а тоа се однесува на делот што се наоѓа веднаш зад клупите на двете репрезентации.
- Доколку се случи повторно да има инцидент на некои од натпреварите, тогаш Македонија во Вараждин би играла пред празни трибини.
- Големиот Новак Ѓоковиќ вечерва го игра рекордното 12-то полуфинале на Вимблдон. Ривал ќе му биде Јаник Синер, младиот Италијанец со кого Новак има учинок од 5 победи и 6 порази.
- Првпат двајцата се сретнаа во 2021-ва година, во 2. коло на турнирот во Монте Карло кога Ѓоковиќ славеше лесно 2-0 со 6-4, 6-2. Последен пат српскиот тенисер победи во 5 сета после тешката борба која траеше повеќе од 4 часа. Новак тогаш на Отвореното првенство на Австралија стигна до рекордно 38. Грен слем финале во кариерата.
- Од 11 меѓусебни дуели, Синер победи 6 а Ѓоковиќ 5. Денес ќе играат во полуфинале на Вимблдон после 16:30 часот. Друга полуфинална двојка е Британецот Фери и Александар Зверев.
- МЗТ Скопје го задржа своето најголемо богатство и за новата сезона, откако ја продолжи соработката со браќата Дамјан и Војдан Стојановски, кошаркари кои со години се симбол на најтрофејниот македонски клуб.
- За капитенот Дамјан ова ќе биде 14. сезона во сино-белиот дрес и ќе атакува на својата 12. шампионска титула со МЗТ Скопје.
- Војдан, пак, ќе ја започне својата шеста сезона во МЗТ Скопје, откако му се приклучи на клубот на почетокот од 2022 година.