- Јуниорската кошаркарска репрезентација на Македонија направи огромен успех откако на турнирот Еуробаскет У-18 организиран од ФИБА во Скопје победија 8 од 8 ривали и тоа со убедливи разлики.
- Селекторот на овие златни момци кои обезбедија пласман во елитен ранг, Горан Андреевски открива шокантни работи од позадина. Ги сместиле во катастрофален хотел со мизерни услови, играле во сала без климатизација во најголеми горештини летово, а притоа на селекторот му бил вршен притисок кое дете да игра, а кое не.
- „Најголеми притисоци имав од спортскиот директор на репрезентацијата Марјан Србиновски кој се мешаше буквално во сè. Од почеток имаше список со негова наредба за одредени деца да играат. Дури и ми се закануваше со зборовите „Дали сакаш да ти дојдам сега таму, па да видиш што ќе биде“ ако не игра тој и тој“, вели Горан Андреевски за самоволието на Марјан Србиновски.
- Предводниците на Шкендија уште еднаш го допреа дното, откако со срамна фотографија го најавија дербито со Вардар, закажано за в сабота во Гостивар, преку која го навредија противникот, ФФМ, но пред сè сите христијани во Македонија.
- Според теолозите, ваквата презентација на светиот христијански симбол е огромна навреда, особено кога доаѓа од претставници на друга религија.
- Објавувањето на превртен крст со цел да се навреди христијанството е строго забрането според самото исламско учење. Но, навредувачите од тетовскиот тим не знаат дека со ваквото омаловажување на крстот како верски симбол истовремено направиле и грев во својата исламска вера, пишува Спорт1.
- Селекторот на македонската репрезентација, Кирил Лазаров, го објави поширокиот список од 35 ракометари кои ќе конкурираат за настап на почетокот од квалификациите за Европското првенство во 2028 година.
- Од оваа група, стручниот штаб дополнително ќе избере 16 ракометари кои ќе ги одиграат двата воведни натпревари. Првиот квалификациски дуел е закажан за 4 ноември (19 часот), кога Македонија ќе го пречека Луксембург, додека четири дена подоцна (8 ноември во 16 часот) нашиот национален тим ќе гостува кај Грција во градот Халкида.
- Прв повик доби натурализираниот Украинец, кој настапува за Пик Сегед Дмитро Хориха, како и Мартин Томовски кој брани одлично за Битигхајм. Сите други ракометари се од домашното првенство.