Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Разно
    • Кец у два
    • Навивачи
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • Фудбал
  • Кошарка
  • Ракомет
  • Разно
  • Кец у два
  • Навивачи
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Offside › Набрзинка

Ѓоргоноски: Со Катар само со трпение, ако ги победиме тоа ќе биде од 45 минута па натаму

23 јануари 2025
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • „Катар е и искусна репрезентација, но и престарена со играчи на 37, 38, 39 години кои што биле сериозно квалитетни и играле на високо ниво. Тука се Бен Али, Жарко Марковиќ, Капоте… сите натурализирани Катарци“.
  • „Нашите ракометари, Катар нема да го добијат за 30 минути. Македонија ако го победи Катар, тоа ќе го направи во последната четвртина од натпреварот, од 45 минута па натаму“.
  • „Треба да играме агресивно, тоа не им одговара на Капоте, Марзо и Жарко Марковиќ. Тие играчи не играат во лига како нашата, сите нивни репрезентативни играат во катарското првенство за разлика од нашите кои играат во нашата лига која е солидна, а имаат и нестапи во европските купови преку нашите клубови“.
  • „Треба да форсираме транзиција, треба да трчаме по секоја цена и да не дозволиме духот да ни се скрши. И да губиме со еден, два, три гола ние можеме резултатски да ги стигнеме и да го добиеме натпреварот“, вели Горан Ѓоргоноски во гостувањето на Слободен печат.
извор

Разочарувачка есен на најдобрите македонски клубови во Европа – седум натпревари, нула победи

15 октомври 2026
  • Share
  • Post
  • Македонските ракометни гиганти не ја започнаа европската сезона според очекувањата. Вардар и Пелистер, двата најтрофејни и најамбициозни македонски претставници на меѓународната сцена, по седум одиграни натпревари во европските купови сè уште немаат ниту една победа.
  • Билансот е загрижувачки: шест порази и едно реми. Вардар има четири порази во Лигата на шампионите, додека Еурофарм Пелистер во три настапи во Европската лига забележа два пораза и едно реми. Така, по првите европски предизвици, двата македонски претставници се најдоа во ситуација во која итно им се потребни подобри резултати.
  • Вардар изгуби од Мелсунген на гости 33-31, од Нант дома 32-33 и од Висла Плоцк дома во Скопје 26-32. Вардарци не освоија ниту еден бод иако против Нант дома и Висла во Полска имаа шанси во завршниците да избегнат пораз.
  • Еурофарм Пелистер игра во второто по ранг натпреварување, во Европската лига на ЕХФ. После 3 кола немаат триумф: изгубија дома убедливо од шпанска Ла Риоах 24-31, одиграа нерешено 31-31 на гости кај Вибжеже Гдањск а дома претрпеа тежок пораз од германски Гумерсбах 28-38.
  • Сево ова значи дека двата најгоелми и најтрофејни македонски клубови на вкупно 7 натпревари во Европа сезонава имаат дури 6 порази и само 1 реми. Без победа.
  • Притоа од еврокуповите е елиминиран и РК Тиквеш па во ЕХФ Европскиот Куп ќе играат Алкалоид, РК Охрид и РК Бутел.
извор

Сестрата на Роналдо: „Мали се шансите да се врати во репрезентација“

15 октомври 2026
  • Share
  • Post
  • Скандалот меѓу Кристијано Роналдо и селекторот на Португалија Жорже Жезус продолжува и натаму. Елма Авеиро, сестрата на Кристијано Роналдо, за кои многумина сметаат дека отворено пишува се што Роналдо мисли а не смее јавно да каже, ја коментирала напрегнатата ситуација.
  • „Тажна сум зошто јавноста во Португалија брзо забори на се постигнато во минатото и смета дека нештата во моментов треба да се развиваат на друг начин. Останав без мисли, ме боли да гледам кога брат ми преживува такво нешто. Тој е меѓу оние кои најмалку заслужуваат таков однос.
  • Шансите да се врати се скоро па минимални. Мислам дека и двајцата (Кристијано и Жорже Жезус) се засегнати од тоа што се случи. Тоа е епизода, преживана лично од нив и јас можам да зборам единствено од позиција на брат ми. Сметак дека ситуацијата во моментов е во слепа улица и претстои да видиме што ќе стане. Кога си предаден е многу тешко да се вратиш во нормала“, рекла Елма Авеиро.
  • Конфликтот меѓу Кристијано Роналдо, најдобриот стрелец во историјата на фудбалот и селекторот на Португалија Жорже Жезус изби на крајот од септември за време на репрезентативниот собир во Лигата на нации. Напаѓачот беше незадоволен што селекторот му рекол дека нема да настапи, па потоа го викна да се загрева 30-ина минути и на крај не го пушти во игра туку го врати на клупата за резерви. Без Роналдо Португалија забележа два важни триумфи: против Норвешка (1-2) и против Данска (2:4).
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Offside
1

Златен медал за македонска ракија во Лондон

2

Дојде време да се укине престапната секунда

Занимливости
3

Изгубени во подесувањата

Балканштина
4

Репортажа од Македонија: Ова никако не го очекував

Разно
5

Пленковиќ: Две европски држави на Македонија ѝ одземаа 21 година

6

Нови ЕУ правила за рачен багаж во авиони

7

Роџер Вотерс го заплеска Џејмс Хетфилд

Видео
8

Во чест на легендарниот администратор на АМЦ

Македонштина
1

Несторовски е хит во Хрватска, дава голови ко на лента

Фудбал
2

Омерагиќ: Сега ја плаќаме сметката на минатото неработење кога се плаќаше за место во младите репрезентации

Фудбал
3

Зошто Џордан никогаш немал желба да стане тренер?

Кошарка
4

Нова атрактивна асистенција на Јокиќ

Кошарка
5

Руни за заминување на Роналдо од репрезентација

Фудбал
6

Моја е

Фудбал
7

Малер на колото

Кец у два
8

Цик цак акција со Распадори за деби гол на Елмас по само 45 секунди

Фудбал
* за последни 24 часа

Локалности

Балканштина

Како да се пофалиш дека имаш два Мерцедеса

Балканштина

Ние би му ставиле петка

Балканштина

Изгубени во подесувањата

Разно

Репортажа од Македонија: Ова никако не го очекував

Македонштина

Во чест на легендарниот администратор на АМЦ

Балканштина

Нашите „Богати и славни“ стигнаа до Белград

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Сменете рака

Путерот конечно победи

Во слава на тегет усисивачот „Слобода“ - Чачак

Кога не го слушнавте молкот од референдумот, ќе слушате грмење од плоштадите

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy