- Сјајната Арина Сабаленка, втора тенисерка на светската ВТА листа, најверојатно нема да се најде на списокот учесници на претстојните Летни Олимписки Игри во Париз поради тоа што „одбила на прес-конференција да ја коментира заедничката фотографија со претседателот на Белорусија, Лукашенко“, пишува сајтот специјализиран за тенис, TennisUpToDate.
- 25-годишната Сабаленка се соочува со најтежок период во нејзината кариера откако пред само неколку дена под неразјаснети околности бил пронајден мртов нејзиниот доскорешен партнер, поранешен белоруски хокеар и тренер. Сабаленка се соочи и со рана елиминација од турнирот во Мајами каде загуби од 32. рангирана украинска тенисерка Анхелина Калинина.
- Руските и белоруските спортисти на претстојните Олимписки Игри во Париз ќе настапат под неутрално знаме и химна на МОК (Меѓународен олимписки комитет). Извесен Џејмс МекЛеод, извршен директор на МОК соопштил дека после состанокот на челните луѓе на МОК било одлучено 37 руски и 22 белоруски спортисти да бидат дел од Летните олимписки игри во Париз.
- „Групата е толку мала затоа што ги вклучува само оние кои јавно не дале никаква поддршка на инвазијата и немаат односи со армијата или армиските агенции“, стои во соопштение на МОК. А не постои таков тенисер или тенисерка кои пак јавно дале поддршка на руската Специјална воена операција во Украина, така што ова соопштение на МОК е во најмала рака чудно.
- МЗТ Скопје обезбеди ново финале во македонската кошаркарска лига каде ќе се бори за шампионска титула против подобриот од дуелот ТФТ Скопје - Раобтнички каде Тафталиџани водат со 2-0.
- МЗТ Скопје го совлада Куманово на гости за конечни 3-0 во полуфиналната серија. Уште на полувреме во салата во училиштето „Перо Наков“ Аеродромци водеа 28-53 поради што домашните навивачи гневни влегле на теренот да се пресметаат со своите играчи. Го нападнале Тадија Тадиќ на кого сакале да му го соблечат дресот. Реагирале редарите и полицијата.
- „Приведени се две лица, лишени се од слобода А.Ј. (36) И Д.С. (29), двајцата од Куманово поради тоа што нападнаа играч од домашната екипа за да му го соблечат дресот. Тие се приведени и по целосно документирање на случајот против нив ќе следува соодветна пријава“, соопштија од кумановското МВР.
- Ова е којзнае кој инцидент сезонава од навивачите на Куманово. КФМ еднаш ги казни но после ова веројатно ќе следува подолга суспензија на клубот.
Фото: Epa Images
- Откако во четвртокот вечер Барселона стана нов шампион на Шпанија, а Реал Мадрид остана и без трофеи во Кралскиот Куп, Суперкупот на Шпанија и Лига на шампиони, управата на клубот реши веднаш да почне со сериозна работа за следната сезона.
- Според Фабрицио Романо, Реал веќе го договорил 20-годишниот стопер Дин Хојсен од Борнмут. Хојсен е висок 1.95 игра како класичен централен дефанзивец. Интересно тој е роден во Амстердам, Холандија а неодамна реши да игра за репрезентацијата на Шпанија. „Кралевите“ ќе ја активираат откупната клаузула од 60 милиони евра и тоа во три рати по 20 милиони евра.
- Кариерата ја започнал во шпанска Коста Унида од каде оди во Малага. Во 2021-ва Јувентус го донесе како огромен потенцијал но никогаш не доби шанса во Торино. Го пратија на позајмица во Рома а од таму потпиша со Борнмут. Сезонава на 30 меча имаше 3 гола и 1 асистенција во англиската Премиер лига. Важи за огромен талент и еден од најдобрите млади стопери на денешницата.