Драмата во Италија нема крај, Интер веројатно изгуби титула во 90-та минута

Шампионската трка за скудето во Серија А синоќа достигна кулминација. Во неверојатен финиш каков што само фудбалот може да режира, Интер на коло пред крајот буквално го допре пехарот со раце но на крај веројатно титулата ќе оди во Неапол.

Фото: Epa Images
Фото: Epa Images
Photo: EPA Images

ИНТЕР - ЛАЦИО 2:2
ПАРМА - НАПОЛИ 0:0

Резултати со кои во последното коло ќе се влезе како и пред претпоследното. Со бод предност за Наполи кој е прв на табела пред Интер кој е втор.

А пазете го расплетот синоќа:

80' минута: Интер води со Лацио 2-1, Наполи не може да и даде гол на Парма (0:0). Во тој момент нераѕурите се први на табела и цел „Џузепе Меаца“ во тивка еуфорија го прислушкува резултатот од Парма која од клупа ја води поранешниот фудбалер на Интер Кристијан Киву и која се бори за опстанок до последно коло.

90' минута: Лацио израмнува 2:2 од пенал со вториот гол на резервистот Педро. Во тој момент Наполи и со 0:0 има пак +1 бод предност на табела.

Поради големи протести црвени картони добија и исклучени беа и двајцата тренери, Симоне Инзаги и Роберто Барони.

91' минута: Поради бурни протести црвен картон во Парма добива Антонио Конте. Во 16' минута од мечот доби жолт картон, а во судиското продолжение црвен така што во последно коло екипата против Каљари во Неапол ќе ја води негов помошник.

96' минута: Парма добива пенал со кој практично ќе го решеше прашањето за скудето (Интер ќе се одлепеше бодовно), но главниот судија после гледање ВАР после три минути го поништува пеналот.

97': Марко Арнаутовиќ постигнува гол но му е поништен поради офсајд и Наполи пак останува прв. НЕВЕРОЈАТНА ДРАМА.

Јан Бисек 45+2' 1-0:

Педро 72' 1-1:

Дамфрис 79' 2-1:

Педро 90' (пенал) 2-2:

Standings provided by Sofascore
19 мај 2025 - 09:58