Мартин Сонеборн:
„Тукушто ја прочитав вашата автобиографија. 432 ирелевантни бесмислени страници. Во Естонија, цената ѝ е намалена за 80% на 3,99 евра, а со тврд повез дури и на Амазон не се продава.
Знаете Куба, Европа и светот онолку колку што знаете за дипломатија, надворешната политика или операциите на мозок.
Се надевам дека ќе стекнам повеќе знаење од муабет со мојот хрчак за црните дупки во џуџестите галаксии.
Ги цитирам најдобрите делови од вашиот труд: „Помагајте, гледајте каква грда фотографија од мене има“; „Полонезата е прекрасен танц“; „Трчав во фустанот најбрзо што можев“; „Се погледнавме в очи со овој млад пилот на воздухопловните сили и потоа отидов во тоалетот.“ И за крај: „Естонскиот амбасадор ептен повтеше по пијачка, иако беше рано сабајле.“ Ова можам да го разберам повеќе од што било друго. Шанк, доаѓам! Куба Либре, госпоѓо Калас!