Кошарка

Чарлс Баркли за Денвер Нагетс и Јокиќ

Никола Јокиќ и натаму е најдобар кошаркар во НБА лигата, но и натаму има слаба, бледа поддршка од соиграчите во Денвер Нагетс. Тимот има 11 победи и 8 порази и се наоѓа на очајното 8-мо место во Западната конференција. Никола Јокиќ неколку пати сезонава беше уловен како им вика на своите соиграчи, пробува да ги разбуди. Со право, вели Чарлс Баркли кој вели дека би било фер Нагетс да го трампаат Јокиќ а не да го арчат најдобриот дел од неговата кариера.

Лери Бирд не штеди зборови за Никола Јокиќ

Во НБА нема его и суети како во нашиве простори, барем што се однесува до мислењето за Јокиќ. Веќе не знаеме кој сè јавно има кажано колку е воодушевен од неговите игри. Од актуелни, до пензионирани легенди.

Најглупавиот тајм-аут на сезоната

Тренерот на Јута Џез Вил Харди е носител на признанието најглупаво повикан тајм-аут на сезоната. Тој во последните секунди од мечот против ЛА Лејкерс кога неговиот тим имаше само -1 поен разлика повика тајм-аут во моментите кога Колин Секстон отиде на положување и ја положи топката во кош за победа. Вил Харди викна тајм-аут буквално при влезот на Секстон и судиите му го исполнија барањето. На крај секако Лејкерс славеше 104:105.

Додавање во НБА за кое се зборува на големо

На дуелот Њујорк Никс - Орландо Меџик кои Њујорчани го добија 121-106, нивниот лидер Карл-Ентони Таунс постигна 23 поени, имаше 15 скока и неверојатно мечот го заврши без ниедна асистенција. А една можеше да биде феноменална.

Кари се намести да го чува Јокиќ и ене го уште ја бара топката

Голден Стејтс - Денвер Нагетс 115:113. Остануваат уште 90 секунди до крај. Јокиќ оди во напад, а јадниот Кари застанал до него. Се изгуби целосно и Стеф, а и тој зад него. Циркузи. Конечен резултат? 119:115 за Денвер. 38 поени, 10 скока, 6 асистенции, 5 украдени топки на Србинот.

Предвидувањата на Скоти Пипен за Биткоинот

Најславниот партнер на Џордан во Чикаго Булс, тврди дека во раните 90-те го запознал Сатоши Накамото, псевдонимот што го користел мистериозниот креатор на Биткоин, а неговите тврдења се поткрепени со точно предвидување за крипто валутата.

Химна се интонира, а тој застанал како на жив ѕид

Натпреварот помеѓу Градина и Брчко во кошаркарското првенство на БиХ донесе една скроз нетипична сцена. За време на химната, првиот во редицата кој се вика Душан Илиќ, се држи со рацете онаму каде што обично никој не се држи во таков момент. Гестот во БиХ го опишуваат како скандалозен, бидејќи Илиќ е роден во Република Српска и не му чуе за босанската химна.

Зошто многу луѓе не гледаат НБА како порано?

Како прво ништо повеќе не е исто после Мајкл Џордан. Инаку тезите кои најчесто се поставуваат е дека денешната кошарка во НБА се сведе премногу на индивуалност. Не се мисли многу на тактика, градење на акции и разноврсност и шареноликост во нападот. За одбрана пак да не зборуваме. Стана нормално една екипа да постигне 130, 140, па и 150 поени. На Ол стар и 200.

Никола Јокиќ го стигна големиот Меџик Џонсон на вечната листа

Лос Анџелес Клиперс го совлада Денвер Нагетс 126-122, стигна до 13-та победа во НБА лигата а на Денвер му го нанесе осмиот пораз од почеток на сезоната. Јокиќ одново залудно најдобар во својот тим.

Јокиќ го начека Џордан неспремен на тренинг

Тој што ја држи играта на терен, ја одржува и убавата атмосфера на тренинг. Додека Деандре Џордан разговара со хрватскиот репрезентативец Дарио Шариќ, не е свесен што му се спрема зад грб. Снимајте го ова, вели Никола.

Тројката на Кампацо за продолженија и победа на Реал против Барса

Барселона и Реал Мадрид одиграа фантастично „Ел класико“. Се играше кош за кош постојано, во финишот Барса имаше водство за победа но Реал Мадрид се спаси кога Кампацо на три секунди пред крајот постигна луда тројка за продолженија. А таму во дополнителните десет минути гостите славеа на крајот 90:97.

Кампацо опцу пред камера, новинарот се згази од смеење

Реал Мадрид ја победи Барселона во Ел Класико дуелот во Евролигата. Факундо Кампацо го заврши мечот до дабл дабл учинок од 18 поени и 10 асистенции, а потоа имаше смеење кога даваше изјава.

Со 2.24 Вембанјама куца без одраз

Сан Антонио Спарс славеше синоќа против Јута Џез 128-110 и стигна на учинок од 10 победи и 8 порази во НБА лигата. Одново и очекувано поентерски лидер кај Спарс беше Виктор Вембанјама кој постигна 34 поени со седум скока и две асистенции. Посебно се издвои едно негово интересно забивање без скок.

Одиш на НБА натпревар и ти почнува муабет идолот

На таа возраст го гледаш МВП-то само на ТВ и евентуално на постер во соба. Одиш да гледаш Денвер Нагетс - Њујорк Никс и пред сам натпревар токму тој ти пружа рака. Се расплака од возбуда.

Една од бројните анегдоти со Дуле Вујошевиќ

Големиот Душко Вујошевиќ кој освои еден куп трофеи со кошаркарскиот клуб Партизан, важеше за крајно строг тренер. Под негова палка израснаа еден куп играчи кои подоцна заиграа и во НБА. Еден од нив беше и сјајниот Летонец Давис Бертанс. Тој еднаш раскажал една анегдота со Дуле.

Пикантерии со цимерите Перо и Тоше

Перо Антиќ и Тодор Гечевски беа во емисијата Еден на еден. Дуо кое растури на терен за Македонија и кое раскажува мал милион интересни ствари кои ние не ги гледаме на тв. Босанците им барале да им пуштат на ЕП 2011 за да оделе понатаму. Нејќеле да чујат нашиве. Напротив, ги згазиле.

Најитар кош на истек на време

За време на мечот од квалификациите за Европско првенство меѓу Унгарија и Турција, унгарскиот репрезентативец Адам Ханга на истек на време направи ретко виден потег и итро на 1,3 секунди пред крајот на третиот период постигна важна тројка. Сепак на крајот Турците славеа 76-81.

Лудиот рекорд на Обст во Евролига со 11 тројки

Кошаркарите на Баерн Минхен ја играат најуспешната сезона откако се во Евролига. Предводени од германскиот селектор Гордон Херберт, Баварците имаат 8 победи и само 3 порази и се на високото трето место на табела. Баерн ја згроми Барселона 100-78 а на овој меч тотално луд рекорд постави Андреас Обст со дури 11 постигнати тројки! Нов рекорд на Евролига.

Какви се шансите на Македонија за пласман на ЕП 2025?

Со двата порази во Литванија во четири дена, Македонија уште повеќе си го отежна патот до кам бек на големите натпреварувања. Но, сепак шанси сè уште има.

Димитријевиќ: Мислам дека беше само силен грч и дека сè ќе биде во ред

Лидерот на македонската кошаркарска репрезентација се огласи по мечот против Литванија и според првичните најави, најверојатно не се работи за тешка повреда.

Маестралната партија на маестро Нено

Плејмејкерот на Македонија и Олимпија Милано, Ненад Димитријевиќ вечерва одигра „НБА партија“ за паметење. Преведено во бројки, за 29:23 минути во игра, постигна 43 поени (7/15 за три поени, 9/15 за два поени и 4/4 од линијата за слободни фрлања), плус и 6 асистенции, 4  скока, 3 освоени топки и 2 загубени.

Мареј се обиде да го промаши последното слободно фрлање, но не му успеа

Далас го доби Денвер без Дончиќ во драматична завршница. Историски трипл дабл на Јокиќ кој доби син.

Алекса зборува за страста за благото и тоа на руски

Уште се смееме за начинот на кој Алекса Аврамовиќ се поздрави со Вучиќ, на приемот после Олимписките игри. Каков лик. Поднаучил малку руски откако замина во ЦСКА Москва. Кога почна да реди што сè благо јаде, вода ни се припи. Ама на лето, на додека трае сезоната.