Комесарот на НБА Силвер: „Натпреварите да се скратат на 40 минути“

Првиот човек на НБА лигата Адам Силвер откако ја презеде улогата започна да воведува некои новости во НБА системот кому му се закануваше пад на интерес. Силвер и соработниците заедно со клубовите донесоа неколку нови решенија за Ол-Стар натпреварите (додуше сите беа помалку бесмислени и не кренаа интерес).

Сега комесарот на НБА лигата во едно телевизиско гостување вели дека му се допаѓа идејата натпревар во лигата да трае 40 минути. Како во европската кошарка која се повеќе ги примамува гледачите од другите континенти.

„Кошарката станува глобална, а НБА е единствена лига чии натпревари се играат 48 минути. А јас би бил, односно сум поборник на системот од четири четвртини по десет минути“, рекол Адам Силвер во „Шоуто на Патрик“.

Тој е свесен дека ќе треба долга дискусија на темата и дека на други не им се допаѓа таа идеја.

„Но ако ги тргнеме на страна сите рекорди и другите такви детаљи, мислам дека форматот на натпревар кој трае два часа би бил во согланост со модерната телевизија“.

Просек на траење на еден НБА натпревар сезонава е 2 часа и 16 минути, слично како и во претходните 15 години.

„Јас размислувам за тој телевизиски програм од два часа. На Олимписките Игри беше така, во колеџ кошарката е исто така...“

НБА ќе треба во тој случај да смени нешто што е исто 78 години. Тренерот на Њујорк Никс, познатиот Том Тибодо вели за идејата: „Јас сум повеќе традиционален тип и не би сакал да видам такво нешто“.

Иста линија држи и тренерот на Денвер Нагетс и Никола Јокиќ, Мајкл Мелоун кој му донесе титула на овој тим, вели:

„(НБА) Секогаш се труди да пронајде нешто што ќе ги задржи навивачите. Но се надевам дека нема да се префрлуваме на десет минути четвртина. Дека нема да правиме што било само за да ја задржиме гледаноста. Затоа што постои историја и нешто големо во оваа игра. Чистината на кошарката која сакам да ја задржиме“.

30 јануари 2025 - 11:11