Јокиќ со рекордни пет забивања стигна до нов трипл-дабл

Трикратниот МВП во НБА кој има и еден шампионски прстен продолжува да доминира во најдобрата светска лига. Во поразот на неговиот Денвер Нагетс од Чикаго Булс 129:121, Никола Јокиќ запиша нов трипл-дабл, шести на последните 7 натпревари.

Во српската културно-уметничка вечер при прославата на српското културно наследство, веќе традиционално во Чикаго членови на српската дијаспора настапија во салата на Булс пред мечот меѓу домаќинот и Денвер Нагетс, Никола Јокиќ ги забавуваше своите навивачи.

Српскиот репрезентативец за 39 минути на паркетот успеа да забие дури пет пати, нешто што е сосема невообичаено за неговиот стил на кошарка. Тој никогаш во својата кариера не закуцал дури пет пати на еден натпревар.

На крајот Јокиќ стигна до 33 поени (15/21 од игра), 14 асистенции и 12 скока. Во првиот дел постигна дури 21 поен и беше непогрешлив од игра (10/10).

Покрај Јокиќ, сјајна вечер имаше и Кристијан Браун со дури 28 поени, Џамал Мари додаде 18 поени колку што имаше и Мајкл Портер Џуниор. Ветеранот Расел Вестбрук стигна до 14 поени. Нагетси шутираа очајно за три поени затоа што погодија само шест тројки од 27 обиди и тоа беше причина за поразот.

Кај домаќините кои славеа победа на крајот, Зек Лавин беше најефикасен со 21 поен а Никола Вучевиќ блескаше со 20 поени, 10 скока и шест асистенции. Лонзо Бол броеше до 18 поени во триумфот на Булси.

Ова беше воедно втор пораз по ред на Денвер Нагетс по оној од Минесота Тимбервулвс и 10-ти загубен натпревар на гости. Чикаго во моментов е на 20 победи и 27 порази. „Биковите“ имаат девет победи дома. Синоќа го совладаа Денвер со уфрли 24 тројки од 53 обиди.

Денвер Нагетс после овој натпревар ја продолжува турнејата на Истокот каде ќе игра против Њујорк Никс во ноќта меѓу среда и четврток во 1:30 по Централно европско време.

28 јануари 2025 - 08:05