Неверојатен кош на Никола Јокиќ и уште една страшна партија

Српскиот кошаркар го водеше својот Денвер Нагетс до нова победа, овојпат над Сакраменто Кингс со резултат 132:123 во нивната „Бол Арена“ во Колорадо. Никола направи чудо.

Никола Јокиќ го оствари 168-от трипл-дабл во кариерата откако за 37 минути на паркетот постигна 35 поени (12/29 од игра) со 22 скока и 17 асистенции и две блокади.

Никола Јокиќ на крајот од третиот период, во последна секунда од третата четвртина постигна и нестварен кош буквално од својот кош. Вакво нешто ретко се гледа и на тренинг а камоли на натпревар во НБА.

Овој учинок беше воедно и петти трипл-дабл по ред во серија на српскиот репрезентативец. Тој имаше огромна поддршка од Кристијан Браун кој уфрли 21 поен и од Мајкл Портер-Џуниор кој даде 20 поени со 8 скока. Џамал Мареј додаде 18 поени со шест скока и пет асистенции а исто 18 поени постигна и ветеранот Расел Вестбрук.

Кај Кингс Демар Дерозан стигна до 24 поени а Домантас Сабонис имаше исто квалитетен натпревар со 23 поени, 19 скока и осум асистенции.

Ова беше 28-ма победа во 44 меча на Денвер Нагетс сезонава. Ја забележаа и четвратата победа во серија и сега во моментов се четврти на табела во Западна конференција а Сакраменто е осми.

Во следното коло екипата од Колорадо ќе гостува кај Минесота Тимбервулвс а Сакраменто Кингс ќе игра кај Никс во Њујорк.

24 јануари 2025 - 07:14