Реал Мадрид го испочитува големиот Дражен Далипагиќ

Откако по долго боледување во саботата во Белград почина големиот Држаен „Праја“ Далипагиќ, најдобар стрелец во историјата на Партизан, овој великан го испратија и многу други клубови. Родениот Мостарец освен за Партизан играше уште и за Венеција, Реал Мадрид, Удине и Верона.

Пред крајот на својата богата кариера заигра и за Црвена Звезда. Далипагиќ се прослави со настапите за Југославија (имаше 243 натпревари) и освои се што можеше да се освои. Вечерва и Реал Мадрид во својата сала на мечот против Коруња со едноминутен молк му оддаде почит на некогашниот српски кошаркар и тренер:

Реал оддаде сочувство и преку својот клупски сајт

26 јануари 2025 - 20:54