Шеј Гилџес-Александер уфрли 52 поени

Лидерот на Западната конференција во НБА, Оклахома Тандер изгуби од Голден Стејт 116:109 и тоа е нивен само деветти пораз од почеток на сезоната. Лидерот на Оклахома Шеј Гилџес-Александер постигна дури 52 од 109 поени на неговиот тим. Имаше и четири асистенции а шутираше 14/23 од игра, 2/6 за три и 18/21 слободни фрлања.

Кај Тандер добра вечер имаше уште и Џејлен Вилијамс со 26 поени и седум скока и Ајзеа Хартенштајн со 18 поени и шест асистенции. Кај победникот Голден Стејт Вориорс, Ендру Вигинс беше прв стрелец со 27 поени а Стеф Кари броеше до 21 поен (6/15 за два, 5/10 за три и 4/4 од слободни фрлања).

Високиот центар Кевон Луни имаше 18 поени со 4 блокади, Гери Пејтон-Џуниор додаде 16 поени со девет скока а Брендин Подзиемски стигна до 11 поени.

Standings provided by Sofascore
30 јануари 2025 - 09:09