Денис Шредер за трампата на Дончиќ: „Ова е современо ропство“

Германскиот репрезентативец и кошаркар на Голден Стејт Вориорс кој во 2023-та стана светски шампион со Германија по големото финале со Србија, вели дека и самиот е шокиран како и сите други од изненадната трампа на Лука Дончиќ во ЛА Лејкерс.

Денис Шредер е еден од кошаркарите со најмногу променети клубови во НБА (5 пати трампан во 11 години). Речиси нема каде не играше, па и самиот знае што значи трампа, промена на средина преку ноќ.

Тој вели дека е строго против начинот на кој НБА тимовите располагаат со играчите.

„Ова е модерно ропство. Иако имаш договор, сите можат да одлучат каде ќе одиш. Секако, заработуваме многу пари и можеме да ги прехраниме семејствата, но кога ќе се подвлече црта, ако ти кажат „утре немој да доаѓаш на работа, те пративме на друго место“, тоа значи дека тие одлучуваат за се. Тоа би морало малку да се смени“, рекол Шредер кој играше во осум клуба во НБА и додаде:

Лука Дончиќ само што го разменија а има пет е***и признанија во тимот на сезоната на НБА. Има Ол-Стар настапи, им носи пари, минатата година дури и финале и сега не може да потпише за 117 милиони долари зошто е трампан. Од сега па натаму мислам дека ќе биде уште полудо зошто штом некој таков (како Лука) е трампан, никој веќе не е сигурен. Ниту Стеф Кари е сигурен ако гледаме така. Е**н бизнис е“.

Во 2022 Денис кој е сјаен плејмејкер а и самиот играше за Лејкерс, освои бронзен медал на Европско првенство со Германија, а во 2023-та стана светски првак на Мундијалот на кој го прогласија за МВП на турнирот.

Сличен став имаат и многу други НБА кошаркари, во прв ред суперѕвездата Кевин Дурент кој изјави дека ова е шокантно.

„Лудо. Лудост е, лудост. Никогаш не би рекол дека Лука Дончиќ ќе биде трампан на негови години, сезонава... НБА е диво место човеку. Играчите мораат да бидат верни и посветени на програмата а организациите не се држат до тој стандард од надвор“.

Лука Дончиќ претставен во ЛА Лејкерс, па од клупата го гледаше својот нов тим

Јокиќ: „Се допишував со Дончиќ, тоа е, никој не е сигурен“

5 февруари 2025 - 09:42