Кога ќе се спомете светото кошаркарско име Мајкл Џордан и game winner, се мисли на шестиот меч против Јута кога го завери шестиот прстен. Да е само тој натпревар кој го решил. Одиме со друг пример од драгоцениот историјат на најголемиот.
30.9, поени 12.5, скока, 9.7 асистенции е просекот на Никола Јокиќ оваа сезона на првите 24 НБА средби. Оствари трипл дабл дури 11 пати. За коментарите во суперлативи, ќе слушате додека ја гледате компилацијата.
Во јак трилер меч меѓу Голден Стејт Вориорс и ЛА Лејкерс, гостите славеа 113-115 во Сан Франциско со кош на 1 секунда пред крајот. Претходно Стеф Кари погоди тројка за израмнување од голема далечина на 7,1 секунди до крајот и ја фрли во еуфорија целата сала, но на крај Остин Ривс стави печат на триумфот на Лејкерс.
Со Ентони Едвардс, Леброн Џејмс, Трејси Мегреди, Коби Брајант, Винс Картер, ДеАндре Џордан...Не може да се лоши клипчињава. Одиме со топ 10 мераци за гледање.
Новинарите во САД пред секој новогодишен период речиси секоја година го прашуваат Никола Јокиќ што мисли за тоа што „тој и соиграчите играат натпревари неколку Божиќи по ред и што мисли за играњето на Божиќ?“.
Натпреварот меѓу Филаделфија и Сан Антонио Спарс кој Севентисиксерс го добија 111:106 го одбележи груб инцидент кој го предизвика 30-годишниот Жоел Ембид. При еден напад на Филаделфија, Ембид направи фаул, судијката му досуди прекршок а тој влезе во жестока расправија по што соиграчите го смирија да не ја нападне и физички судијката. Го исклучија од мечот а тоа му е второ исклучување сезонава.
Црвена Ѕвезда го доби Партизан 89:84 во натпревар од АБА лигата, а потегот на мечот, а можеби и на сезоната е НБА забивањето на Американецот Тајрик Џонс. Безмилосно му одигра на својот чувар еден на еден, во стилот на Шон Кемп.
Никола Јокиќ стигна до нов трипл-дабл во својата НБА кареира, 11-ти сезонава и 141. во кариерата. Србинот постигна 27 поени со 13 скока и 10 асистенции. Денвер Нагетс губеше убедливо сè до крајот од третиот период кога Јокиќ и Мареј потсетија на шампионските денови, режираа пресврт и после продолженија на Денвер му го донесоа 15. триумф сезонава, овојпат 132:129 против Њу Орлеанс Пеликанс.
Специјалистот за банани од Конго, 218 см високиот Дикембе Мутомбо кој е втор во НБА историјата со 3.289 блокади царуваше под кошевите и после секоја рампа им гестикулираше со прстот, дека не се поминува така лесно кај него. Ама еднаш на гости му дојде Шекил О'нил.
Повеќекратниот НБА шампион Голден Стејт Вориорс има сериозна резултатска криза па веќе нанижа 9 порази на последните 11 меча. Синоќа изгубија со страшни -51 поен разлика од Мемфис Гризлис а уште пострашен беше учинокот на нивните најголеми ѕвезди Стефон Кари и Драјмонд Грин.
Еден од најдобрите кошаркари во Евролига, францускиот репрезентативец Матијас Лесор доживеа тешка повреда во натпревар од 17. коло во Евролига меѓу Панатинаикос и Басконија кој неговиот тим го доби 104:69. Лесор на стартот на трета четвртина се лизна при еден доскок после дефанзивен скок и ја повреди левата нога. Се чекаат прогнози за неговото отсуство.
Некогашниот македонски репрезентативец и кошаркар на повеќе домашни клубови, Младен Ѓуроски во моментов има поддршка од мнозинството клубови во државата и се спрема да биде нов претседател на кошаркарската федерација на Македонија (КФМ). Но дали ќе изнајде правен пат до фотељата која Антиќ не ја дава?
Панатинаикос ја растури Олимпија Милано со 103:74, а мечот мина во знакот на Кендрик Нан кој одигра луда прва четвртина. Американецот во воведните 10 минути погоди седум тројки од вкупно 8 обиди, што е рекорд во Евролигата. Првата четвртина заврши 38:15, а Нан го заврши мечот со 39 поени. Ненад Димитријевиќ беше втор стрелец во својот тим со 15 поени.
Денвер Нагетс пак си играше со нервите на своите навивачи откако во драматичен меч го совлада Сакраменто Кингс 130:129. На гостински терен Никола Јокиќ стигна до својот 140. трипл-дабл во НБА кариерата, а јунак на мечот беше Џамал Мареј кој го постигна победничкиот кош.
Суперѕвездата го водеше својот Далас Маверикс до 17. победа во сезоната откако синоќа на гостински паркет во Сан Франциско славеа 143:133. Овој натпревар влезе во историските книги.
Прославениот грчки тренер Димитрис Итудис го води Хапоел Тел Авив од Израел. Во Еврокупот му гостувале на литванскиот клуб Вулвс. После натпреварот некој литвански новинар мртов-ладен го прашал Итудис: „Сакам да ви поставам прашање важно за општеството. Како се чувствувате од фактот што за време на војната работевте во терористичката земја Русија?“ Итудис го опасуљи.
Дваесет и пет годишниот Грузиец Гога Битадзе од Орландо Меџик синоќа му се изџилити на Јанис Антетокумбо и заби врз него. Гркот не чекаше многу и му врати. Милвоки Бакс на крај го доби Орландо Меџик 114-109. Џајлен Сагс беше најефикасен кај Меџик со 32 поени и 9 скока, а кај Бакс Јанис Антетокумбо прв стрелец со 37 поени и седум сока. Дамијан Лилард додаде 28 поени со девет асистенции а Боби Портис Џуниор уфрли 22 поени со 10 скока.
Човекот со рекордни 9 титули во Евролигата, кој го има кренато трофејот со 5 екипи од вкупни 6 кои до сега ги водеше, во 1 минута кажува пар ствари за повеќе кошаркарски ликови. Со Богдан Богдановиќ имал војна на почеток во Фенербахче и се разбира го скротил.
Кошаркарите на Денвер Нагетс со 141:111 убедливо ја победија Атланта Хокс а Никола Јокиќ само неколку часа подоцна одново демонстрираше зошто е најдобар играч на светот.
Феноменот од Сомбор го сруши личниот рекорд од пред три години и запиша неверојатни 56 поени. Лудата партија на Јокиќ за жал оди во сенка, бидејќи загубија и тоа од најлошиот тим во лигата.
Текстот кој го објавивме неодамна насловен како „Легендарни фотографии од првото соочување на Дражен Петровиќ и Мајкл Џордан“, предизвика голем интерес. Вистината е дека тој не им бил прв двобој.
Изминатава ноќ Никола Јокиќ го запиша својот 139. трипл-дабл во НБА кариерата со што се искачи на трето место на вечната листа кошаркари со вакви подвизи во историјата на НБА.
За првпат во историјата на Евролига една навивачка група, овојпат онаа на Панатиниакос позната под името Гејт13 гостуваше во белградска Арена на меч против Партизан. Ова беше дополнителен мотив за и онака загреаните црно-бели да направат земјотрес во салата. Преку 20.000 навивачи на Партизан го видоа најдобриот меч на нивните играчи кои го растурија европскиот првак со 18 поени разлика - 91:73.