
Уште во месец јули летово беше објавено дека покрај повредата на адукторот на мускулот која ја заработил уште на првиот меч за неговиот нов тим Далас Маверикс, 32-годишниот кошаркар ќе мора да паузира. Но се испоставило дека подоцна ќе мора да оди на операција за отстранување перде. Зошто?
Претходно не се зборувало многу за некаква очна повреда така што многу навивачи на Далас се прашале што е па сега работата?
Се испоставило дека повредата која Ентони Дејвис ја доживеа уште на 2-ри април годинава кога неговиот соиграч Даниел Гафорд го закачил со лакт ненамерно при една гужва под кошот, Дејвис доживеал повреда, набрзо му сошиле четири конци а целата епизода брзо била заборавена.
https://t.me/catchabodynba/373
Дејвис кој е лидер на Мавс по трампата со Дончиќ се врати во игра, мечот го заврши со 34 поени, 15 скока и дури 5 блокади и немаше никакви знаци дека се работи за нешто опасно.
Но се испоставило дека повредата е многу посериозна отколку што првично се мислело. Дејвис морал на операција за да го обнови видот на едното око.
На Медија-денот на Далас Маверикс станало јасно дека Дејвис има црвенило на окото.
Ентони Дејвис е познат како играч со голем број неочекувани повреди во текот на регуларната сезона но можно е оваа сега да му е една од најневеројатните во богатата кариера.
Тој се вратил на терен за 5 на 5 на почетокот на месецов и било видно црвенило во едното око за што тој рекол дека е како последица од капките што ги става. Притоа имал 122 килограми а не 115 килограми како минатата сезона.
Ентони соопштил и дека ќе мора да носи заштитни наочари до крајот на кариерата затоа што и најмал контакт со окото може да му го намали достигнатиот развој во опоравок на повредата. Тој кажал и дека после операцијата морал да спие на стомак неколку недели.
Големата ѕвезда е незаменлива во Далас па неговото здравје е практично приоритет за Маверикс претстојнава сезона. Тој ќе биде принуден да ја почне сезоната со очила и да игра така цело време.
Необично некои навивачи на ЛА Лејкерс во минатото барале од Дејвис да носи заштитни очила во време на натпреварите (го заменија со Дончиќ во февруари годинава), затоа што неговото лице често било на удар на противничките играчи. Тој одбивал зошто такво нешто не му барале ниту лекар ниту клубот. Сега официјално ќе мора да носи очила до крајот на својата кариера.
Тој дознал дека ќе мора на операција во меѓусезоната, а за опоравување му требале околу четири-пет недели. Во тоа време поминал поголем дел со своето семејство а тренерот Џејсон Кид рекол дека Дејвис ќе биде спремен и ќе учествува во тренинг кампот.