Да се посмееме вторнички

Како одговор на 13-годишниот феномен на Барселона Мохамед Дабоне кој дебитираше за првиот тим на Барса во една пред-сезонска пријателска средба и постигна 4 поени од кои едно страшно забивање, сега и Реал Мадрид извади чудо од дете.

Мохамед Дабоне доаѓа од Буркина Фасо и веќе привлече огромно внимание во кошаркарскиот свет. Дебитираше пред неколку дена на 12-ти септември за Барселона на пријателска на само 13 години, 10 месеци и 22 дена. Висок е 210 сантиметри и го споредуваат со Јанис Адетокумбо.

Веќе сериозно го спремаат за сениорска кошарка:

А како одговор Реал Мадрид сега во своите редови го донел 11-годишниот снажен крилен центар од Мали од Африка, Муса Билал Траоре.

Тој ќе тренира во академијата со младите категории. Според пишувањата на Марка, Муса по физикус повеќе е професионален играч за прв тим отколку момче во младинска категорија.

Еве една зафрканција за веста дека има 11 години:

 

23 септември 2025 - 11:23