Кошарка

Двоен цепелин

Цепелините веќе не се интересни. Сега во мода се двојните цепелини како овој што го изведоа кошаркарите на Никс.

Фени против МЗТ во финалето на купот

Вториот патник во финалето на кошаркарскиот Куп на Македонија е екипата на Фени Индустрија која во полуфиналето ја совлада Лирија со 61:79.

МЗТ преку Торус до финалето

Екипата на МЗТ Скопје е првиот финалист на кошаркарскиот Куп на Македонија откако во полуфиналето го совлада домаќинот на турнирот, екипата на Торус СЦБТ.

Фени и Лирија за финалето

Познати се и последните полуфиналисти од кошаркарскиот Куп на Македонија. Фени Индустри немаше проблеми со Кожуф, а по драматична завршница Лирија ја совлада екипата на Куманово.

Борче - Перо 1:1

Бо Мекејлеб му се реваншираше на Перо Антиќ на вториот дуел од плејоф серијата од кошаркарската Евролига. Монтепаски Сиена го совлада Олимпијакос со 81:80.

НБА или НХЛ?

Изминатите два дена во НБА лигата видовме две соборувања во „бодичек" хокеј стил.

Купот добива нов сопственик

Македонскиот кошаркарски куп ќе добие нов сопственик откако актуелниот освојувач, екипата на Работнички загуби во четвртфиналето од Торус СЦБТ. Втор полуфиналист е МЗТ кој беше поуспешен од Вардар.

Рефлекс на мртов коњ

Кошаркаров може да биде победник во повеќе категории. Најидиотска закаснета реакција, најлоша глума, најлошо паѓање...

Антиќ го победи Мекејлеб

Перо Антиќ го доби првиот дуел на македонските претставници во Евролигата. Со голем пресврт во последната четвртина, Олимпијакос славеше на гостувањето кај Монтепаски Сиена на Лестер Бо Мекејлеб и направи голем чекор кон пласманот на фајнал фор турнирот во Истанбул.

Вокер го продаде шампионскиот прстен заради долгови

Ентоан Вокер беше приморан заради долгови да го продаде шампионскиот прстен од НБА лигата кој во 2006-та година го освои во дресот на Мајами Хит.

Гратиси за кошаркарскиот Куп на Македонија

Off.net.mk и Offside во соработка со КК Торус СЦБТ, доделува карти за финалето на Купот.

Работнички не го дава лесно трофејот

Во пресрет на Купот на Македонија кој од четврток до недела ќе се одигра во СЦ „Борис Трајковски", денес се одржа прес-конференција на која присуствуваа тренерите на екипите учесници.

Грифин реди бунари

Блејк Грифин е еден од најдобрите забивачи во НБА лигата, но кога станува збор за слободни фрлања, тој влегува во категоријата на Шекил О'Нил.

Се сеќавате на Џереми Лин?

Се сеќавате ли на Џереми Лин, сензацијата која предизвика лудило во НБА лигата какво што не се памети одамна? ... и тогаш Кармело Ентони се врати во тимот на Њујорк Никс.

Серж „Бананамен“ Ибака

Конгоанецот Серж Ибака од Оклахома подели три блокади за само шест секунди.

Како НЕ се положува

Ова видео им се покажува на 6-годишни деца кога во кошаркарските школи учат како НЕ треба да се положува на кош.

Пируета и монструозно забивање од Грифин

Блејк Грифин веќе станува здодевен. Повторно негово забивање е прогласено за најдобро на вечерта во НБА.

Леброн од пола терен во последна секунда

Леброн Џејмс без проблеми погоди од пола терен во последна секунда од третата четвртина на натпреварот против Њу Џерси Нетс.

Стотката на Чембрлен инспирира и по 50 години

Веќе 50 години една бројка стои како Монт Еверест помеѓу магичните спортски рекорди. На денешен ден во 1962-та година Вилт Чембрлен постигна 100 поени на еден натпревар.

Чудо пред звукот на сирената

Натпревар од колеџ лига во САД имаше неверојатна завршница со три тројки за 9 секунди.

На западот ништо ново

Втора година по ред кошаркарите од Западната конференција ги победија своите колеги од Истокот на НБА „Ол стар“ натпреварот на кој беа срушени неколку рекорди, а беше скршен и еден нос.