Натпреварот помеѓу Кал Поли Помона и Кал Стејт Домингез Хилс во регуларниот дел заврши со резултатот 48:48 и тоа со израмнувачка тројка во последната секунда.
На 8,7 секунди до крајот на продолжението, домаќините постигнаа тројка за 57:55, но на другата страна и гостите истоа така беа прецизни од зад линијата за три поени.
Гостинските кошаркари си помислија дека се е решено на 0,6 секунди до крајот, но така не мислеше и Мичел Андерсон. Тој од својата половина уфрли нова тројка пред звукот на сирената за конечн 60:58 и делириум помеѓу домашните навивачи.