Исто како што компаниите даваат гаранција на своите производи, така и Феникс Санс на своите навивачи им гарантира дека ќе си поминат убаво на утрешниот натпревар против Далас, а ако не се задоволни, тогаш можат да си ги бараат назад парите.
Ете што се случува кога ќе купиш кош Made in China. На турнеата во Еквадор, кошаркарите на Харлем Глоубтротерс ја искршија цела табла и тоа не еднаш, туку два пати.
На натпреварите од седмото коло на кошаркарската Евролига, победи остварија Перо Антиќ со Олимпијакос и Лестер Мекејлеб со Фенербахче, а Предраг Самарџиски и Владо Илиевски беа поразени.
На почетокот на овој месец НБА ги испрати првите предупредувања до двајца симуланти, а вчера ја изрече и првата парична казна. Првиот кошаркар кој ќе плати казна за флопинг е Реџи Еванс.
Рон Артест си го смени името во Мета Ворлд Пис, но не ги смени навиките. Тој (не)намерно го удри Џереми Лин и си заработи техничка грешка по ситуација во која тој беше фаулиран.
Кошаркарската репрезентација на Македонија ги доби противниците за Европското првенство што следната година ќе се одржи во Словенија. Македонија ќе игра во групата Б заедно со Литванија, Црна Гора, БиХ, Летонија и Србија.
Кошаркарите на МЗТ Скопје не успеаја да ја повторат добрата игра од минатите недели и го доживеаја и петтиот, најтежок пораз. Во 9-то коло од АБА лигата МЗТ загуби на гостувањето кај Игокра со 79:55.
Во шестото коло од најелитното европско клупско натпреварување Владо Илиевски и Цедевита по две продолженија успеаја да и го нанесат првиот пораз на екипата на Жалгирис.
Нема поголем срам за кошаркар од целосно промашување на обрачот од слободно фрлање, но тоа често им се случува и на многу НБА ѕвезди, а некои дури и по два пати фрлат „бунар“.
Кошаркарите на Мемфис ја забележаа и петтата победа во серија совладувајќи го Мајами со 104:86. Еден од главните играчи на Мемфис беше Руди Геј со 21 поен, а тој го имаше и најдобриот потег на натпреварот.
По Цибона и Унион Олимпија, екипата на МЗТ Скопје совлада уште еден голем фаворит со евролигашко реноме. Кошаркарскиот шампион на Македонија ја совлада Цедевита, екипата со најголем буџет во Јадранската лига.
Во историјата на НБА лигата постојат 16 кошаркари кои имаат заработено на 150 милиони долари. Некои од нив не заслужиле толку, а во тоа ќе се согласите и вие кога ќе ја видите листата.
На денешните натпревари од петтото коло на кошаркарската Евролига настапија тројца македонски интернационалци. Перо Антиќ славеше на гостувањето кај Емпорио Армани, а Лестер Бо Мекејлеб и Предраг Самарџиски беа поразени.