Висок пораз за МЗТ во АБА лигата

Кошаркарите на МЗТ Скопје не успеаја да ја повторат добрата игра од минатите недели и го доживеаја и петтиот, најтежок пораз. Во 9-то коло од АБА лигата МЗТ загуби на гостувањето кај Игокра со 79:55.

Многу загубени топки (18), лоша одбрана и премногу лесно примени поени и лоша реализација (мизерни 1/23 за три поени) се причина за поразот кај босанскиот шампион.

За разлика од претходните натпревари, вечерва потфрли и Гечевски кој постигна само два поени, исто колку и новото засилување, Оташевиќ. Единствено на висина на задачата беа Дамјан Стојановски и Чековски кои постигнаа по 14 поени, а Николиќ уфрли 10.

Кошаркарите на МЗТ беа рамноправен противник само во првите минути, а потоа домаќините ја презедоа иницијативата и во продолжението константно ја зголемуваа преноста. На крајот Игокеа славеше со 79:55.

Во следното коло МЗТ гостува во Задар.

17 ноември 2012 - 22:15