Актуелниот шампион Олимпијакос чиј член е Перо Антиќ забележа победа во Милано кај Емпорио Армани. Олимпијакос победи со 71:84, а Антиќ за скоро 23 миунти игра уфрли 7 поени, а оствари и 4 скокови и 1 асистенција.
Лестер Бо Мекејлеб со Фенербахче загуби на гостувањето кај Канту со високи 82:58. Мекејлеб одигра 16 минути и имаше скромен учинок од 3 поени и 2 асистенции.
Литвос Ритас во чии редови настапува Предраг Самарџиски, загуби на домашен терен од Бешикташ со 67:73. Самарџиски одигра 20 минути и реализираше 7 поени, 5 скокови и 2 асистенции.
Во петок Владо Илиевски со Цедевита ја пречекуваат екипата на Каха Лаборал.