Македонија во група Б на Евробаскет 2013

Кошаркарската репрезентација на Македонија ги доби противниците за Европското првенство што следната година ќе се одржи во Словенија. Македонија ќе игра во групата Б заедно со Литванија, Црна Гора, БиХ, Летонија и Србија.

 

Според остварениот пласман на минатото Европско првенство кое се одржа во Литванија, каде Македониа заврши на четвртата позиција, нашата репрезентација како носител на група се најде во првиот шешир.

На денешното извлекување во Постојнската јама, Македонија се падна во групата Б каде ќе играме против репрезентациите на Литванија, Црна Гора, БиХ, Летонија и Србија.

Распоред на натпреварите на нашата репрезентација:

Македонија - Црна Гора (04.09.2013)
Македонија - Литванија (05.09.2013)
Македонија - Србија (06.09.2013)
Македонија - БиХ (08.09.2013)
Македонија - Летонија (09.09.2013)

 Натпреварите од нашата група ќе се играат во Јесенице

Група А: Франција, В. Британија, Германија, Украина, Белгија, Израел.

Група Б: Македонија, Литванија, Црна Гора, БиХ, Летонија, Србија.

Група Ц: Шпанија, Словенија, Хрватска, Полска, Грузија, Чешка.

Група Д: Русија, Грција, Италија, Финска, Турција, Шведска.

Во следната фаза ќе продолжат најдобрите три репрезентации од четирите групи.

Европското првенство ќе се одржи од 4 до 22 септември следната година во градовите Јесенице, Копер, Цеље и Љубљана.

18 ноември 2012 - 18:41