Кошарка

Коби не старее

„Се фрустрирам секој пат кога доаѓам во Њујорк и наеднаш се случува експлозија" изјави 34-годишниот Коби Брајант по натпреварот против Бруклин на кој својата фрустрација ја истури со забивањето преку Џералд Валас и Крис Хамфрис.

Забивање на денот

Потегот на денот во НБА го има Ник Јанг од Филаделфија кој на натпреварот против Орландо изведе забивање со вртење од 360 степени.

Шек ја обожава Бијонсе

Пензионираната НБА легенда Шекил О'Нил на својот Твитер профил објави видео на кое ја имитира Бијонсе за време на нејзината изведба на полувремето на Супер Боул.

Олимпија му се реваншираше на МЗТ

Во ноември минатата година МЗТ ја победи екипата на Унион Олимпија во Љубљана, но во 20-то коло нашиот кошаркарски шампион со голем пад во играта во вториот дел, пропушти шанса повторно да го изненади истиот противник и го забележа десетиот пораз во АБА лигата.

Невозможниот кош на Нелсон

Плејмејкерот на Орландо на натпреварот против Њујорк Никс изнервиран од судиската одлука ја тресна топката од паркет и таа заврши во кош.

Антиќ го победи Бо Мекејлеб

Во шестото коло од топ 16 фазата во Евролигата, актуелниот шампион Олимпијакос каде настапува нашиот центар Перо Антиќ, славеше над турски Фенербахче на Бо Мекејлеб со 82:71. Македонскиот плејмејкер беше најдобар на паркетот со 20 поени.

Далас играше со 6 кошаркари

Екипата на Далас Маверикс кон крајот на втората четвртина на натпреварот против Портланд во еден момент на паркетот имаше 6 кошаркари, но тоа не им помогна и тие на крајот загубија со 106:104 со поените на Олдриџ со звукот на сирената.

Лилјак тероризираше кошаркари

Натпреварот помеѓу колеџ екипи во Милвоки неколку пати беше стопиран заради заскитаниот лилјак кој ги тероризираше кошаркарите, тренерите и гледачите.

Баркли стана метереолог

Поранешната кошаркарска легенда влета во студиото на американската телевизија Еј Би Си, објаснувајќи им на гледачите какво време ги очекува во престојната недела. 

Асистенција од тренерот

Американецот Трој Џаинвотер од руската екипа Спартак Приморје го проигра тренерот покрај аут-линијата, а тој ладнокрвно ја проследи топката до свој играч кој постигна тројка.

МЗТ повторно немоќен против Звезда

Актуелниот македонски првак тешко се носеше со силната Црвена Звезда и на гостувањето во Белград загуби со 87:72 во 19 коло од регионалната АБА лига.

Мекејлеб ја прекина црната серија

Екипата на Фенербахче конечно стигна до триумф во топ 16 фазата во Евролигата, совладувајќи го тимот на Кимки со 3 коша разлика. Успешна ноќ имаше и тимот на Перо Антиќ кој во драматична завршница славеше против Макаби Тел Авив со 78:77.

Човекот кој забива стоејќи

Пол Старџис кој го доби прекарот „Високиот Пол" луѓето ги гледа од повисоко. Со 232 см тој е највисокиот кошаркар во светот и втор највисок човек во Англија. Неговиот сон е да го облече дресот на кошаркарската репрезентација на Велика Британија.

Авто-цепелин

Потегот на вечерта во НБА лигата му припадна на Џавел Мекги од Денвер кој си асистираше од табла на гостувањето кај Хјустон.

Нокаут банана

Кошаркарот на Лон Анџелес Клиперс, Керон Батлер им покажа на сите како треба да се чува кошот од противникот. Но најмалку на тоа се израдува судијата.

Се продава малку користена кошаркарска сала

Организаторите на Олимписките игри во Лондон целосно ја расклопија и ја огласија за продажба арената која се користеше за кошаркарските натпревари за време на Олимпијадата и Параолимпијадата.

Банана за маскотата

Расел Вестбрук ја истрола маскотата на Денвер и непотребно го блокираше обидот за тројка од пола терен, но иронично, Оклахома на крајот загуби со 3 разлика (121:118).

Во Скопје падна уште еден европски шампион

Македонскиот кошаркарски шампион, екипата на МЗТ Скопје го порази поранешниот трикратен кошаркарски шампион на Европа, шесткратен шампион на поранешна Југославија и првак на Хрватска, КК Сплит.

Мекејлеб и Антиќ поразени во Евролигата

Во четвртото коло од Топ 16 фазата на најелитното европско клупско кошаркарско натпреварување и двајцата наши претставници претрпеа порази со нивните екипи.

Леброн и Коби ги предводат првите петорки на Ол стар

НБА лигата ги објави имињата на кошаркарите кои добија најмногу гласови за Ол стар натпреварот. Првата петорка на западот ја предводи Коби Брајант, а на истокот е Леброн Џејмс.

Со големи маки до 1000 настапи

Ветеранот Грент Хил кој во текот на целата своја кариера не крена глава од повреди, се изнамачи да стигне до посакуваната бројка од 1000 настапи во најсилната кошаркарска лига во светот. 20 активни кошаркари во НБА лигата го достигнале овој успех.

Пипан ќе ја предводи кошаркарската репрезентација

Не помина ниту еден ден откако Алеш Пипан го раскина договорот со кошаркарската федерација на Полска, а раководството на МКФ веќе постига договор со Словенецот и тој ќе ја предводи нашата репрезентација на Европското првенство во септември.

Леброн Џејмс најмладиот до 20.000 поени

Со 28 години, Леброн Џејмс влезе во историјата на НБА лигата како најмлад кошаркар кој успеа да ја мине границата од 20.000 поени, а на синоќешниот натпревар тој одбележа уште еден јубилеј минувајќи ја границата од 5.000 асистенции.

Го седна

Поранешниот НБА играч, Гилберт Аренас во моментов си поигрува со противнички играчи во кинеската лига.