Кошарка

Македонија го потврди пласманот на ЕП 2015

Македонската кошаркарска репрезентација уште еднаш, без проблеми ја совлада Белорусија во последниот квалификациски меч за Евробаскетот и стигна до петтото учество на континенталните собири.

Вигинс трампан како Коби за Дивац

Трет пат во историјата на НБА лигата, првиот пик воопшто нема да заигра за клубот кој го избрал на драфтот, откако Минесота го даде Кевин Лав за Ендрју Вигинс од Кливленд во големата трампа меѓу три клуба.

Чекирана картата за Европското првенство

Македонската кошаркарска репрезентација, на коло пред крајот обезбеди пласман на континенталниот шампионат, откако вечерва по втор пат ја совлада Данска, но овој пат многу поубедливо со 80: 46. Тоа ќе биде петто последователно учевство за Македонија на Европските првенства.

САД со четири центри на СП во Шпанија

Селекторот на кошаркарската репрезентација на САД, Мајк Крижевски го одреди списокот на играчи кои ќе настапат на Мундијалот кој почнува на 30. август.

Прв пораз на Македонија

Избраниците на Александар Џикиќ не успеаа да остварат 100% учинок по првите четири квалификациски средби и со тоа да ја заверат визата за Евробаскетот во Украина. Реваншот против Белгија го загубија со 63:60.

Падна и Белорусија пред македонските кошаркари

Избраниците на Александар Џикиќ остварија три од три на квалификацискиот циклус и се многу блиску до пласман на Евробаскетот во 2015. 

НБА распоред: Перо во Канада, Леброн за Божиќ во Мајами

Новата сезона во НБА лигата, нашиот Перо Антиќ ќе ја отвори на гостувањето кај Торонто на 29. октомври, додека претходната вечер на 28 – ми, во дербито на колото Сан Антонио ќе го пречека Далас.

Кошаркарите славеа во Данска

Во Хорсенс, градот во централна Данска, нашата селекција стигна до втората победа во квалификациите за Евробаскетот 2015. По Белгија во Скопје, црвено – жолтите вечерва ја совладаа и Данска (81:75).

Македонија ја доби трилер завршницата против Белгија

Возобновената кошаркарска репрезентација на Македонија одлично го стартуваше новиот циклус за Евробаскетот кој се игра наредната година. Во „Борис Трајковски“ на колена падна силната Белгија која немаше одговор за пресвртот на нашите јунаци.

Стојан Ѓуроски потпиша за Левски

Македонскиот репрезентативец и досегашен играч на Луизјана Тек, потпиша 3-годишен догoвор со бугарскиот клуб Левски. Ова е првото засилување на Левски годинава.

Роберт Левандовски си најде нов клуб!

На познатиот центарфор на Баерн му најдовме истоименик во кошарката кој не ни звучи познато, освен по тоа што го носи неговото име и презиме.

Прва жена асистент тренер во НБА

Откако за прв пат дебитираше жена тренер во фудбалот, во втората француска лига, сега и во НБА лигата жена ќе црта тактики по таблите, како асистент на Грег Попович во Сан Антонио.

Новиот Мурешан кој расте по 10 см годишно

Роберт Боброцки е за нас непознато име во кошарката. Се работи за дете од Романија кое на 13 години, (тоа кај нас ќе му дојде седмо одделение) е повисок од Шекил О`Онил, Сабонис и уште ред други бивши или сегашни НБА центри.

Забива од слободни а не игра во НБА

Навикнати сме да гледаме луди забивања од САД, но не и кога станува збор за играчи надвор од НБА. Средношколецот Шелби Мекивен ја воодушеви кошаркарската јавност во светот, откако заби од линијата за слободни фрлања.

Леброн и Гасол во нови авантури, Данкан по шести прстен

Со враќањето во Кливленд, Џејмс како да ја отвори вратата на трансферите во НБА. Нова средина одбра и Пол Гасол, а верноста на дело ја покажаа староседелците Данкан, Новицки и Вејд.

Франција без пола играчи на Светското во Шпанија

По отсуствата на Тони Паркер, Жоаким Ноа и Алексис Ажанса, на триколорите им откажа и Кевин Серафин, центарот на Вашингтон Визардс.

Хрватска меѓу домаќините на Евробаскетот 2015?

Поради воената криза во Украина, ФИБА ѝ го одзема ЕП на оваа земја, а по кандидатурата на Турција, заедно со Франција се кандидираа Хрватска, Италија и Германија.

Премногу го гледал Робен

Американците се заљубија ова лето во фудбалот и за време на Мундијалот го срушија рекордот на гледаност во САД кој го држеше Суперболот. Но некои деца кои тренираат баскет, не сфатиле дека ова прво место на Робен не е за фалење.

Го паметите ли Џејсон Вилијамс?

Еден од најдобрите асистенти во историјата на НБА лигата знаеше и мижеечки да ја додаде топката во секое време. Се пензионираше пред три години и ги носеше дресовите на Мемфис, Сакраменто, Мајами и Орландо. Во силно друштво на Крис Вебер, Дивац и Стојаковиќ, Кингси им пркосеа на Лејкерси со Коби, Шек и Одом. 

МВП на младинскиот Евробаскет е Охриѓанец

На Европското кошаркарско првенство за играчи до 20 години кое заврши вчера ние не игравме, но таму имаше наше дете кое ја претставуваше Турција со која го освои првенството и беше прогласен за најдобар играч. 

Можат ли европските тренери во НБА?

Во последно време сè повеќе тренери од Стариот континент, како асистенти заминуваат во НБА за да го докажат својот квалитет на највисоко ниво. Блат доминираше во Европа, но дали ќе се снајде како прв тренер со Леброн во најсилната кошаркарска лига на светот?

15 НБА ѕвезди во годината пред да влезат во НБА

Откако и официјално ќе ги драфтуваат во НБА, новите играчи одат на летен НБА камп каде што покажуваат што знаат пред да влезат во машинеријата. Речиси и да нема играч што не играл во овие кампови.