Кошарка

Авантурата на еден американски кошаркар во Македонија

Џерод Хас е тренер во колеџ лигата во САД и е назначен е за нов стратег на Стенфорд. До тука ништо не нè интересира. Одиме со неговите случки како кошаркар. Патувал 48 часа со автобус во два правци и го прашале зошто не играш добро. Јасно ви е од каде тргнал, така?

Дојде и тој момент - ќе ни фали господин Тим Данкан

Една од најславните кариери во историјата не само на кошарката, туку и на спортот воопшто заврши, откако Тимоти Данкан одлучи дека нема сили за 82 меча и плејоф во една сезона.

Трансферот поради кој целиот свет го хејташе Голден Стејт

Со ангажманот на Кевин Дурент, Голден Стејт одново влезе во историјата - како прва франшиза во НБА во која ќе настапуваат дури 4 од 20 главни суперѕвезди во НБА.

Што му направи Џордан на Кливленд

Ни улета едно од оние епски видеа каде МЈ е во главна улога. Се враќаме во 1993-та и четвртиот натпревар меѓу Чикаго и Кливленд во полуфиналето од Источната конференција кое заврши 4:0 на ваков начин:

Бен Симонс прв пик на драфтот, ќе игра за Филаделфија

Бруцошот на Универзитетот ЛСУ Бен Симонс е избран како прв, втор пик е Брендон Инграм, ниското крило од Дјук кој ќе игра за ЛА Лејкерс, а Џелејн Браун како трет оди во Селтикс.

Родман му честита на Кливленд и го величи Чикаго Булс

Кошаркарите, актуелни и бивши, како и други познати Американци се фрлија на честитики упатени до Кливленд кој ја освои првата НБА титула во својата историја. Меџик Џонсон го вбројува Леброн Џејмс во топ 5 најдобри играчи на сите времиња

Кливленд се врати од 1:3 на 4:3 и за прв пат стана НБА шампион

Кливленд Кавалирс е првиот тим во најсилната кошаркарска лига во светот кој успеал од негатива од 1:3, да направи целосен пресврт и да ја освои шампионската титула, инаку прва во својата историја. Трипл дабл за „Кралот“ кој ја слави третата титула во кариерата.

Барса пак го доби Реал со кош во последна секунда

Во првиот меч од финалната серија на шпанската лига, Барселона и Реал Мадрид многу пати се менуваа во водство, за да во последната секунда Стратос Перпероглу на додавање на Наваро го постигне победничкиот кош. Ова е петто финале по ред меѓу овие два тима кои наизменично ја освојуваа титулата.

Леброн и Ирвинг не се даваат, уште се игра

Голден Стејт имаше меч топка, во Оукленд Арената, пред своите навивачи кои беа спремни за титулата, но славјето им го расипаа Леброн Џејмс и Кајри Ирвинг со вкупно 82 коша.

Голден Стејт пред титула, Кари одговори со 38 поени

Актуелниот шампион во НБА, Голден Стејт го совлада најголемиот ривал Кливленд во Охајо 108:97 и се наоѓа на чекор од одбрана на титулата. Кари одговори на критиките со нова луда партија.

На прослава на титула на Звезда запеа песна на Партизан

По долгогодишна доминација на Партизан во кошарка, Црвена звезда синоќа втора година по ред ја освои титулата во кошаркарската лига на Србија. Прославата на Делиите се одвиваше на Калемегдан. Во еден момент песна поведе плејот Василије Мициќ, но направи голема утка па започна: „Да волим црно-беле“...

Леброн Џејмс виткаше обрачи

По двата убедливи порази на стартот, Кливленд реши да го искористи домаќинството и го прегази Голден Стејт. Главна улога одигра Леброн.

Кливленд го возврати ударот за 2-1 во серијата

Кошаркарите на Кливленд Кавалирс на убедлив начин го совладаа Голден Стејт, ја забележаа осмата победа во Плејофот на домашен паркет и намалија на 2-1 во финалната серија. Доминација на Леброн Џејмс и Ирвинг.

Братот Ескалејд, мешавина од Ајверсон и Шекил

Трој, помладиот брат на Марк Џексон беше член на AND1 експедицијата, познат по прекарот Ескалејд. Џексон одел на многу турнеи на AND1 и важел за еден од видните улични кошаркари. За жал, ненадејно починал во сон од срцев напад во февруари 2011. година.

Двете тројки на крај за земјотрес во Пионир

Партизан и Црвена звезда синоќа го одиграа и вториот меч од финалната кошаркарска плејоф серија. Црно-белите предводени од поранешниот македонски селектор Џикиќ во еден момент водеа и 20 разлика (Андреј Магдевски беше на клупата), но на крајот загубија со тројка во последната секунда од 9 метри. Звезда води 2:0, а третиот меч се игра во вторник кога Црвено-белите ќе бидат домаќини.

Убиј ги со додавања

Голден Стејт - Кливленд 2:0 овој пат со дебакл за гостите изразен во 33 коша разлика. Тимска кошарка се игра вака.

Вориорси сигурно маршираат, Кливленд прегазен за 2:0

Кошаркарите на Голден Стејт, на крилјата на Драјмонд Грин по втор пат го победија Кливленд во финалната серија, овојпат убедливо со 110:77.

Стречерси за финалето меѓу Голден Стејт и Кливленд

Во отсуство на Бошко, гостин во македонското НБА шоу е Енес Каракаш, основач на блогот МакНБА. Прво прават анализа на двете конференциски финалиња (Голден Стејт - Оклахома Сити 4:3 и Кливленд Тороно 4:2), а потоа за тоа што престои, репризното финале.

Голден Стејт со победа го отвори финалето

Актуелниот шампион во НБА го направи првиот чекор кон одбраната на титулата. Кавалирс и Леброн немаа одговор на клупата на Вориорс која одигра фантастично и практично ги ослободи од обврски Стеф Кари и Клеј Томпсон.

НБА финале кое не може да разочара

Големото НБА финале почнува во ноќта меѓу четврток и петок (3.00) во Оукленд и ќе биде реприза на минатогодишното финале во кое Голден Стејт славеше 4-2 во победи, но Леброн сега ќе има помош од Кајри Ирвинг и Кевин Лав.

МЗТ шампион во сенка на тежок инцидент

По големите вербални дуели меѓу играчите и фрлањето предмети од навивачите, мечот беше прекинат а припадници на ЕБР ја испразнија салата. Имаше и неколку повредени гледачи. МЗТ победи 90:88 и ја освои петтата титула шампион на Македонија.

Кавалерска серија 11-0

Петтиот меч меѓу Кливленд и Торонто (3-2) ја продолжи домашната традиција во оваа серија. Секоја екипа победува само на свој терен. Следната се игра во Торонто каде Кавалирс ќе се обидат да ја повторат неверојатната серија од претходниот меч.