Бен Симонс прв пик на драфтот, ќе игра за Филаделфија

Бруцошот на Универзитетот ЛСУ Бен Симонс е избран како прв, втор пик е Брендон Инграм, ниското крило од Дјук кој ќе игра за ЛА Лејкерс, а Џелејн Браун како трет оди во Селтикс.

Еден од најлошите тимови во НБА лигата, Филаделфија доби одличен крилен кошаркар кој според досегашните анализи и проценки има способност на додавање како Леброн Џејмс и Меџик Џонсон, поседува одличен скок а главна предност му е продорот со лице кон кошот. Најголема маана му е очајниот шут од поле.
 
Во својата прва и единствена сезона во НЦАА бележеше 61% шут од рекот, но од полудистанца погаѓал со 28% успешност. Необично за цела сезона шутнал само три тројки и погодил само една.  
Симонс има висина од 208см и тежина од 109 килограми. Средно училиште учел во Бокс хил и Монтеверде.
 
Роден е  во 1996. година во Мелбурн. Ќе има загарантирано место во стартната петорка на Сиксерси, но тешко да успее да го повтори она што го направи Ален Ајверсон пред две децении.
 
 
 
Лејкерси може да се пофалат дека го „прибраа“ Брендон Инграм, фантастичниот шутер од Универзитетот Дјук кој најчесто е споредуван со Кевин Дурент. Инграм потекнува од Северна Каролина, може да игра „еден на еден“ и што е најважно занаетот го учел во академијата на легендарниот Мајк Кжижевски. Висок е 206см а тежок 88 килограми. Најголема предност му е што нема проблем со преземање одговорност. Минатата сезона давал во просек по 17, 3 поени, 7 скокови и 2 асистенции.
 
 
Бостон Селтикс од третото место го одбраа Џелејн Браун без разлика што сите го гледаа плејмејкерот Крис Даун на таа позиција. Браун игра и бек и крило, доаѓа од Универзитетот Калифорнија, не е нешто добар шутер, но се очекува да добие многу простор како бек-ап на Маркус Смарт.

Хрватот Драган Бендер е избран како четврт пик на овогодинешниот НБА драфт, а ќе игра во дресот на Феникс Санс. Хрватската кошарка може да се пофали и со првиот Хрват кој ќе игра за Лејкерс, откако како тимот од Лос Анџелес го одбра Ивица Зубац како 32. пик на драфтот. Бостон Селтикс го одбрал Анте Жижиќ како 23-ти пик.
 
Драган Бендер:
 
Најголемо внимание привлече хрватскиот репрезентативец Драган Беднер. Момчето родено 1997. година е универзалец, може да прави се на теренот, има квалитетен шут за кошаркар висок 216. сантиметри. Лани во Макаби одигра одлична улога иако не добиваше многу шанси.
 

Првите кошаркарски чекори со топката ги направил во Сплит, потоа заиграл и во Каштела а во 2014. година премина во Макаби Тел Авив. Една сезона Макаби го прати на позајмица во Ирон Рамат Гана. Хрватските медиуми го споредуваат со Тони Кукоч а НБА стручњаците му предвидуваат старт како Кристапс Порзингис лани.