Конечно се случи и тоа. Просто е неверојатно, ама вистинито. Бен Симонс, лидерот на Филаделфија ја постигна својата прва тројка после ЦЕЛИ 172 натпревари (две ипол сезони) во НБА со се плејофот.
Синоќа Филаделфија 76’ со 119-113 го победи ЛА Клиперс а еден момент од мечот масовно се споделуваше на социјалните мрежи, иако не станува збор за нешто невидено досега.
Бруцошот на Универзитетот ЛСУ Бен Симонс е избран како прв, втор пик е Брендон Инграм, ниското крило од Дјук кој ќе игра за ЛА Лејкерс, а Џелејн Браун како трет оди во Селтикс.