Анадолу Ефес или по старо Ефес Пилсен утревечер во Евролигата се среќава со Армани Милано. Тоа се две поранешни екипи на нашата кошаркарска легенда Петар Наумовски. Со турскиот состав освои 4 првенствени титули, 4 турски Купови, 4 Президентс Купови, Корач Куп, а стигнаа и до финале во Европскиот Куп. Сето тоа е добро врежано во Ефес кој објави видео од стариот добар плејмејкер и одлучи да ја повлече неговата 7-ка.