Ефес се потсеќа на Пеце и го повлекува неговиот дрес
Анадолу Ефес или по старо Ефес Пилсен утревечер во Евролигата се среќава со Армани Милано. Тоа се две поранешни екипи на нашата кошаркарска легенда Петар Наумовски. Со турскиот состав освои 4 првенствени титули, 4 турски Купови, 4 Президентс Купови, Корач Куп, а стигнаа и до финале во Европскиот Куп. Сето тоа е добро врежано во Ефес кој објави видео од стариот добар плејмејкер и одлучи да ја повлече неговата 7-ка.