Вработен опељушил вредни дресови и предмети од Мајами Хит, го чека затвор

Легендарниот НБА тим Мајами Хит се соочил со силен удар откако откриле дека извесен вработен во клубот, Маркос Томас Перез кој од 2016-та до 2021-ва работел кај „жешките“ како обезбедување а потоа и за НБА лигата, украл преку 400 вредни дреса од клупската колекција и предмети од богатата историја на клубот.

Ги продавал онлајн и заработил неколку милиони долари од тоа.

Маркос Томас Перез се појавил на суд и обвинет е за тешка кражба.

Тој ги украл дресовите и ги проадавал по „спуштени цени“ за трети заинтересирани страни. Но дресот кој Леброн Џејмс го носеше во легендарното финале со Мајами Хит кој го проценил на 100.000 евра, после на аукција преку аукциската куќа Sotheby's стигнал до сума од 3,7 милиони долари колку што платил некој наддавач.

62-годишниот Томас Перез продал повеќе од 100 од украдените предмети во вредност од околу 2 милиони долари, ги продавал низ САД, често под официјалната цена.

СиЕнЕн ја побарал одбраната на Перез за коментар, но ниту од нив добил одговори ниту од Мајами Хит.

Перез на времето бил полицаец во Мајами а во пензија заминал пред 25 години. 

6 август 2025 - 14:47