Трипл-дабл учиноците во НБА ги држат Европјани, лидер е Сабонис

Сакраменто Кингс со 130-120 го доби дербито на Калифорнија против ЛА Лејкерс. Играч на мечот беше ДеАрон Фокс со 44 поени за Кингс, а Литванецот Домантас Сабонис забележи уште еден трипл-дабл учинок со што и натаму е убедливо прв во НБА според оваа категорија, дури и пред Јокиќ, Дончиќ и Антетокумбо.

Со 16 поени, 20 скока и 12 асистенции Домантас Сабонис, син на легендарниот Арвидас Сабонис, го запиша својот 22. трипл-дабл во НБА сезонава, а четврти на последните седум средби што е импресивен учинок.

26-годишниот Сабонис стана само четврти кошаркар во НБА лигата кој успеал да одигра најмалку 22 меча на кои забележил трипл-дабл подвиг.

Вчера блескаше и турскиот центар Алперен Шенгун кој за Хјустон во дербито на Тексас со Сан Антони забележи рекорд на кариерата со 45 поени. Така Шенгун стана Турчин со најголем број поени на еден меч во НБА лигата. Шенгун после овој настап имаше уште еден луд меч со трипл-дабл учинок против ЛА Клиперс кога уфрли 23 поени, 19 скока и 14 асистенции.

1. Домантас Сабонис (22 трипл-дабл)
2. Никола Јокиќ (19)
3. Лука Дончиќ (14)
5. Јанис Адетокумбо (7)
6. Скоти Барнс (5)
7. Леброн Џејмс (3)
8. Џош Харт (2)
9. Ентони Дејвис (2)
10. Бем Адебајо (2)

Ова е уште еден доказ дека европските кошаркари доминираат во НБА како никогаш досега. Дури четворица европски кошаркари се на листата со најмногу трипл-дабл учиноци: Домантас Сабонис, Никола Јокиќ, Лука Дончиќ и Јанис Адетокумбо. Зад нив подалеку на трипл-дабл листата е Скоти Барнс од Торонто Репторс.

Исто е и со МВП наградите, затоа што од последните пет дури четири земаа Јокиќ и Адетокумбо (Грк со нигериско потекло) а една зема и Жоел Ембид (Камерунец кој е роден вон Северна Америка) со што оваа награда пет години по ред им бега на американските кошаркари.

7 март 2024 - 14:00