Тренерски егзодус од Атина

Само неколку дена по заминувањето на Жељко Обрадовиќ од тренерската функција во Панатинаикос без шефот на струката остана и новиот шампион на Грција и освојувачот на Евролигата, Душан Ивковиќ.

Заминувањето на Ивковиќ е големо изненадување бидејќи тој ја напушта екипата со која во сезоната со можеби најмал буџет во клупската историја успеа да освои два трофеи.

Според официјалното соопштение, Ивковиќ си заминува од тимот во кој настапува и нашиот Перо Антиќ поради замор и преголем стрес во последниве неколку години бидејќи тренерот на Олимпијакос во исто време ја вршеше и функцијата селектор на репрезентацијата на Србија.

Медиумите во Србија најавуваат дека по заминувањето од Атина, Ивковиќ целосно ќе и се посвети на селекторската работа бидејќи летово го очекуваат натпревари од квалификациите за пласман во завршницата на Европското првенство кое во 2013 година ќе се одржи во Словенија.

16 јуни 2012 - 01:24