Во квалификациите за ЕП 2024, македонската ракометна селекција замина за Португалија со подмладен тим, без поголем дел од искусните играчи како Манасков, Талески, Георгиевски, но надежите покажаа дека на нив може да се смета во иднина. Како и на првиот меч, така и сега на реваншот македонските ракометари покажаа достоен отпор.
Македонија загуби од големиот фаворит но до крајот на квалификациите не би требало да има пречки за пласман на ново Европско првенство, затоа што во група со нас се аутсајдерот Луксембург и Турција кои веќе ги победувавме.
Наш најдобар поединец на гостувањњто кај Португалија беше Филип Кузмановски кој постигна дури 10 гола од 15 обиди, а од сите 10 погодоци ЕХФ му одбра еден како прекрасен и со право го вброи меѓу најдобрите во целото квалификациско коло:
There is not much a goalkeeper can do... 🚀🔥
— EHF EURO (@EHFEURO) March 12, 2023
Check out this powerful shot from Filip Kuzmanovski!#heretoplay #ehfeuro2024 pic.twitter.com/ZOFKZZtSF7
Вредно е да се напомене и дека Мартин Серафимов имаше одличен учинок со 5 погодоци, а голманот Мартин Томовски запиша 10 одбрани.
Картата за Европско нашите ракометари треба да ја оверат во дуелите со Турција и Луксембург во последните две кола. Македонија останува втора на табела, а следните предизвици ќе ги има во април за кога се закажани средбите со Турција (дома) и со Луксембург (гости).