Страшна повреда на Матијас Лесор, ПАО во неволја

Еден од најдобрите кошаркари во Евролига, францускиот репрезентативец Матијас Лесор доживеа тешка повреда во натпревар од 17. коло во Евролига меѓу Панатинаикос и Басконија кој неговиот тим го доби 104:69. Лесор на стартот на трета четвртина се лизна при еден доскок после дефанзивен скок и ја повреди левата нога. Се чекаат прогнози за неговото отсуство.

Во преполната ОАКА Арена сите занемеа додека се слушаа криците на Лесор: 

После натпреварот од Атина стигнаа вести дека Лесор доживеал скршеница на фибула, една од двете подколенични коски на десната нога и го очекува пауза од најмалку четири месеци, пишува атински Спорт Дог.

Овој лист додава и дека Лесор имал среќа затоа што втората подколенична коска не му страдала при страшното виткање на ногата а пазуата за такво нешто е многу подолга.

По крајот на натпреварот и малиот, харизматичен и познат син на Матијас, Метсон, плачел поради повредата на татко му а од паркетот го изнел и смирувал соиграчот на Лесор, Хуанчо Ернангомез:

Панатинаикос славеше на крајот 104:69 и ја забележа 10-та победа во Евролига. Со 7 порази Панатинаикос е на седмо место пред конкурентите да ги одиграат своите натпревари денес. Атинскиот тим е актуелен освојувач на Евролига и ја брани титулата во ова натпреварување а минатата сезона ја освоија и шампионската титула во грчката лига. 

20 декември 2024 - 09:45