Страшен трипл-дабл на Никола Јокиќ, го надмина дури и Меџик Џонсон на вечна листа

Изминатава ноќ Никола Јокиќ го запиша својот 139. трипл-дабл во НБА кариерата со што се искачи на трето место на вечната листа кошаркари со вакви подвизи во историјата на НБА.

Навивачите на Денвер Нагетс не може да бидат задоволни а не може ниту Никола Јокиќ затоа што изгубија од Кливленд Кавалирс 126:114.

Во Охајо, на гостински паркет против тимот кој во моментов има 20 победи и само 3 порази, Никола Јокиќ уфрли 27 поени, 20 скока и 11 асистенции.

На вечната листа кошаркари со најмногу трипл-дабл учиноци Јокиќ сега е на 3. место а пред него се само неговиот соиграч Расел Вестбрук (200 трипл-дабли) и Оскар Робертсон (181 трипл-дабл во кариерата).

Кај Кливленд кој игра во страшна форма, најефикасни беа Донован Мичел со 28 поени, Гарланд додаде 21 а Мобли 20 поени. Во тимот на Денвер Нагетс покрај Никола Јокиќ ефикасни беа уште и Мајкл Портер јуниор со 24 поени, Мареј даде 19 поени а Арон Гордон 18.

Кавалирс во моментов имаат 20 победи и 3 порази а Денвер е во слаба форма со 11 победи и дури 9 порази.

Интересно, ова беше дури 10-ти трипл-дабл на Србинот со најмалку 20 скока со што стана само трет играч во историјата после Елџин Бејлор (10), Бил Расел (13) и Вилт Чемберлен (59) кои имале по најмалку 10 такви натпревари со најмалку 20 скока.

Јокиќ стана и прв играч од 1961-ва година кој најбрзо во една НБА сезона стигнал до 500 поени, 200 скока и 150 асистенции. За таков подвиг му требале само 20 натпревари.

 

6 декември 2024 - 09:50