Кошаркарската репрезентација на Србија и покрај тоа што важеше како аутсајдер по подмладувањето на составот, успеа да ја надигра Литванија.
Домаќините на претходното Европско првенство целосно потфрлија, а Србите ја користе секоја грешка на противникот.
Литванците донесоа неизвесност со израмнувањето на стартот од второто полувреме, но во останатиот дел од натпреварот Србија ја имаше контролата на паркетот и заслужено триумфираше со 63:56.
На првиот натпревар од нашата група, Летонија ја изненади БиХ и победи со 86:75.
Група Б
1. Летонија 2
2. Србија 2
3. Црна Гора 2
4. Македонија 1
5. Литванија 1
6. БиХ 1