Со емотивно видео, Марко Белинели ја заврши кариерата

Триесет и девет годишниот познат италијански кошаркар, со години лидер на репрезентацијата на Италија и НБА играч Марко Белинели синоќа на друштвените мрежи стави крај на кариерата.

Epa images
Epa images
Photo: Epa Images

Марко Белинели имаше долга, 14-годишна НБА кариера а освои и шампионски прстен со Сан Антонио Спарс во 2014-та. Последниве пет сезони ги мина во својот матичен клуб Виртус Болоња. Во 2022 тој му помогна на Виртус да освои титула во Еврокупот и да го оствари сонот - враќање во Евролига.

Во НБА запиша дури 925 настапи и имаше во просек по 9,7 поени по натпревар во основниот дел од сезоната и 8,5 поени во доигрувањето. Во 2014-та година победи на Ол-Стар турнирот во шутирање ројки, а неколку месеци подоцна стана НБА шампион.

За Италија играше од 2006-та кога првпат се појави на Светско првенство а има настапувано на повеќе Мундијали и Европски првенства.

19 август 2025 - 11:32