Следува инвазија од „Кобиевци“

Исто како што во Македонија имаше наплив од Касандри, а сега и девојчиња со име Хурем според ликови од актуелни серии, во САД по инвазијата на „Шекиловци", следува наплив од деца крстени по Коби Брајант.

Постојат повеќе начини да се измери нечија популарност, а еден од нив е и бројот на деца крстени по одредена личност. Така и големината на Шекил О'Нил не е само во неговите четири шампионски прстени, туку и во бројот на деца кои го носат неговото име кои сега стигнаа до колеџ.

Напливот на „Шекиловци" започна во 1992. година кога тој беше избран за прв пик на драфтот, а веќе следната година кога беше избран за дебитант на годината и го издаде рап албумот, дури 1784 бебиња биле крстени Шекил и тоа било 181. најпопуларно име во САД. Од 1997. година Шекил веќе не се појавува на листата од најпопуларни 1.000 имиња во САД.

Бебињата кои тоа време биле крстени по Шекил О'Нил веќе пораснаа и стигнаа до колеџ, а некои ги следеле и неговите чекори, па така оваа година има 11 кошаркари со име Шекил во колеџ лигата во САД.

По тој терк одат и родителите кои добиле деца во период кога најпопуларен кошаркар бил Коби Брајант. Од 1997. година па се до 2003. „Коби" е помеѓу најпопуларните 300 имиња во САД, а ова име е популарно и денес се уште не паднало по 550. место на листата на популарни имиња. Првите мали „Кобиевци“ се веќе пораснати и ако ги следат стапките на Брајант, тогаш за неколку години ќе почнеме да гледаме и играчи со ова име низ кошаркарските лиги.

Името Леброн се уште не е на листата на најпопуларните 1.000 имиња во САД.

18 септември 2013 - 12:43