Син му на Предраг Стојаковиќ ја запали мрежата со личен рекорд од 31 поен

Славниот Пеѓа кој во тандем со Дивац беа хит со Сакраменто и им пружаа голем отпор на Лејкерси во борбата за титулата, изгледа дома има наследник.

Се вика Андреј Стојаковиќ, има 20 години и според она што може да го видиме, славното српското кошаркарско презиме изгледа ќе ја наследи лозата.

На последниот дуел во колеџ лигата, во дресот на Калифорнија, младиот Стојаковиќ ја одигра својата најдобра досегашна партија против Нортвестерн.

Постигна рекордни 31 поен (10/14 од поле), (4/6 за три поени), 7 скока, 4 асистенции и 3 блокади.

Скаутите имаат добро мислење за него, а инаку ја игра втората сезона на колеџ и сè уште не се знае кога ќе се проба на НБА драфтот.

Андреј има право да настапи за Србија, но и за Грција, затоа што е роден во Солун, од каде е мајка му.

19 декември 2024 - 11:54