Шон Кемп снимен како пука со пиштол, полицијата веднаш го уапсила

Легендарниот кошаркар на Сиетл Суперсоникс е фатен жив како вади пиштол и пука пред трговски центар. Се соочува со затворска казна.

Инцидентот се случил на паркинг пред трговски центар откако избило кавга меѓу двајца патници по што довело до пукање.

Едното возило избегало, а случаен минувач го уловил Шон Кемп токму во моментот кога пука во него.

Полицијата потврди дека нема жртви, ниту повредени, а 53 годишниот Кемп е веднаш приведен.

Тој се соочува со затвор од 10 години и парична казна од 20.000 долари.

Инаку славниот Кемп кој важеше за страшен забивач, има одиграно 14 НБА сезона (1989-2003), а најмногу се прослави во дресот на Сиетл со кој во 1996-та стигна до финале и загуби од Чикаго Булс.

Кемп играше и за Кливленд Кавалирс, Портланд Трејл Блејзерс и Орландо Меџик, а по завршувањето на кариерата на два пати беше апсен поради поседување дрога. 

9 март 2023 - 11:19