Поранешната НБА ѕвезда, контроверзниот Денис Родман туку што ја заврши втората посета на Северна Кореја во последните неколку месеци.
При неговите посети тој работеше на промоција на кошарката во оваа земја и се спријатели со водачот Ким Јонг Ун кој е голем љубител на американската кошарка.
По последната посета, Родман откри дека е во преговори за да ја преземе селекторската позиција на кошаркарската репрезентација на оваа земја и да ја подготвува за Олимписките игри во Рио во 2016. година.
Дел од подготовките ќе бидат и егзибициски натпревари во Северна Кореја кои би се одиграле следната година, а на кои Родман се надева дека ќе активира неколку поранешни колеги како Скоти Пипен и Карл Мелоун.