Перо ќе игра против Реал Мадрид и Звезда во Евролигата

Антиќ и Фенербахче паднаа во најтешката од четирите групи во Евролигата, а нашиот кошаркар ќе се врати меѓу навивачите кои сакаат кај нив да ја заврши кариерата.

Ждрепката за групите во Евролигата, натпреварување во кое нашата земја за претставник го има Перо Антиќ се извлече денес во Барселона.
 
Новиот член на Фенербахче со турскиот клуб ќе игра во групата А против Реал Мадрид, Химки, Баерн Минхен, Црвена Звезда и Стразбур. Турците на годишениот Фајнал фор играа токму против Реал и загубија во полуфиналето во Мадрид, а интересен ќе биде и дуелот на Антиќ со Црвена звезда, клубот во кој би сакал да ја заврши кариерата.
 
Формирани се четири групи со по шест екипи, а првите четири од секоја група ќе продолжат во ТОП16 фазата. Според правилата на Евролигата, екипи од иста земја не можеа да паднат во иста група, а правилото важеше и за Црвена звезда и хрватската Цедевита, затоа што двата тима играат во АБА лигата која што важи за натпреварување од една земја.
 
ГРУПА А: Реал Мадрид, Фенебахче, Химки, Црвена звезда, Баерн Минхен, Стразбур.
ГРУПА Б: Олимпијакос, ЕФЕС, Лаборал Куча, Армани Милано, Цедевита, Лимож.
ГРУПА Ц: Барселона, Панатинаикос, Кубан Краснодар, Жалгирис, Каршијака, Зелена Гора.
ГРУПА Д: ЦСКА Москва, Макаби, Уникаха, Бамберг, Дарушафака, Динамо Сасари.
 
По ждрепката за Евролигата се влечеа и групите за Еврокупот, каде АБА лигата има 2 претставници, Будуќност и Олимпија.
 
А група: Нимбурк, Билбао, Олимпија, Нантер, Бон, Тренто

Б група: Алба, Гран Канарија, Остенде, Ле Ман, Реџо Емилија, Енел Бриндиси
Ц група: Валенсија, Сарагоса, Улм, Нанси, Шарлроа, Венеција
Д група: Уникс, Банвит, Трабзон, Будуќност, Арис, Стеауа
Е група: Бешикташ, Лијетувас Ритас, Зенит, Саратов, ПАОК, Солнок
Ф група: Галатасарај, Нижњи Новгород, Красни октобар, Хапоел, АЕК, Нептунас

9 јули 2015 - 14:23