Одамна некој така не наместил некого во НБА

Мемфис Гризлис и Бруклин Нетс одиграа сјаен дуел со дури 258 поени. Победија „гризлите“ 134 - 124, а најинтересна епизода беше кога Џа Морант ја остави топката да лази и го намести Бен Симонс да му направи фаул за 6-та лична грешка поради која мораше да го напушти теренот.

Запрашан после мечот за моментот со Симонс, Џа Морант рекол дека инспирација му дошла од една слична случка со истиот ривал пред неколку години. Само тогаш другиов излегол како победник.

„Бев во Филаделфија во мојата руки година. Бев во иста ситуација против Бен и се свртев да видам кон тренерот што ќе играме а тој истрча, ми ја украде топката и заби. Знаев и сега уште кога го видов и кога ја ролав топката, погледнав накај тренерот и видов дека Бен ќе проба да ми ја украде, така што го наместив. Го натерав судијата да досуди фаул“, вели Џа Морант за шестата лична исклучувачка грешка за кошаркарот на Бруклин Нетс, Бен Симонс. 

Ова е кога Бен Симонс пред неколку години му ја украл топката на Морант кој се глупирал: 

25 октомври 2022 - 12:43