Нов Сомбор шафл, одлична партија на Јокиќ но пораз на Денвер

Во „Бол Арена“ во Денвер, пред своите навивачи Нагетс изгубија после продолженија од Феникс Санс 107:117. Никола Јокиќ постигна 25 поени со 16 скока и пет асистенции за 44 минути на паркетот. Џамал Мареј беше најефикасен со 28 поени, седум скока и девет асистенции, но ни двајцата не можеа со Кевин Дурент кој постигн 35 поени со осум скока и пет асистенции.

Јокиќ имаше шут во свој стил на истекот на првата четвртина: 

Во финишот Денвер постојано бркаше негатива која во еден момент достигна дури и -22 поени а Јокиќ револтиран во еден момент барал од тренерот Мелоун да побара преглед на снимка за спорна ситуација при резултат 90-96 за гостите:

На крајот од првото продолжение Јокиќ имаше шут за победа но промаши:

Покрај Дурент кој беше најдобар играч на мечот (и покрај тоа што имаше 14/34 од игра и 3/8 за три, на крајот со погодени шутеви им донесе триумф на Санс), Феникс победи и благодарение на Грејсон Ален кој уфрли 28 поени, Бредли Бил со 16 поени и Јусуф Нуркиќ кој додаде 9 поени со 12 скока и шест асистенции.

6 март 2024 - 09:00